fbpx

РЕПЛЕКФАРМ ВО СОГЛАСНОСТ СО НОВИТЕ СВЕТСКИ СОЗНАНИЈА ВО ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА СО ЕПИЛЕПТИЧЕН СИНДРОМ

 

Американската Агенција за храна и лекови (FDA), деновиве  одобри за употреба производ со Канабидиол (CBD), 100mg/10ml, 100 ml раствор за орална употреба, за третман на епилептични напади кај специфични форми на епилепсија (Lennox-Gastaut  и Dravet синдром) кај пациенти постари од две години (деца и возрасни пациенти)

Со ова, за прв пат на федерално ниво во САД  е одобрен за употреба фармацевтски производ од билката канабис што содржи Канабидиол (CBD) во форма на маслен раствор, со што се докажаа објавените податоци на Светската Здравствена Организација за терапевтската ефикасност на CBD кај епилепсии.

Фабриката за лекови РЕПЛЕК ФАРМ, со цел да им излезе во пресрет на родителите на најранливата категорија на пациенти –  деца со тешки форми на епилепсија, кај кои како дополнителна терапија може да се употреби фармацевтскиот производ што содржи CBD (КАНОБИЛ® ЕПИ 120 ml),   овозможи овој производ да биде достапен во аптеките по единствена малопродажна цена од 4095 денари, кој претходно беше достапен по цена од 7686 денари.

Фабриката за лекови РЕПЛЕК ФАРМ  останува на својата континуирана заложба за обезбедување квалитетни, ефикасни и безбедни лекови со цел  подобрување на здравствената состојба на граѓаните на Република Македонија, особено на децата како највредна и носечка сила  за иднината на нашата држава.

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА

СТРАНИЦАТА Е СЕУШТЕ ВО ИЗРАБОТКА, ПРОДОЛЖЕТЕ КОН ИСТАТА.

You have Successfully Subscribed!