fbpx

Медицинскиот канабис би можел да помогне во борбата против ковид-19

Мај 7, 2020

20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал

На денешната работна посета во Реплек, австрискиот амбасадор Д-р Георг Вуцас ги посети производните капацитети и заедно со Генералниот Директор, Душан Пецовски, најавија нови можности за соработка меѓу двете земји. На прес конференцијата која следеше по посетата,...

РЕПЛЕК ФАРМ – ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

Во тек на минатата година дониравме повеќе од 8.000.000 денари или повеќе од 130.000 евра за добротворни цели т.е. помош на јавните институции: Министерство за здравство, ЈЗУ Клинички Центар, ЈЗУ ГОБ 8 Септември, Институт за Белодробни заболувања Козле, Институт за...

Реплек Фарм – Единство и тимски дух

Во одлична форма и кондиција, тимот на Реплек Фарм го освои четвртото место на традиционалната Бизнис Трка 2021, организирана од страна на Прв до Врв. Бројните натпреварувачи на Реплек Фарм, поделени во 5 тима, годинава трчаа во чест на прерано починатиот колега Јорго...

Податоците собирани во тек на четиригодишните истражувања на канадскиот универзитет Летбриџ (University of Lethbridge -College & University in Lethbridge, Alberta, Canada), ветуваат дека одредени екстракти од канабис може да помогнат во превенција на ковид-19.

Истажувачите Олга и Игор Ковалчук ги испитуваат ефектите на медицинскиот канабис од 2015 година. Покрај ефектот на канабисот при стрес, воспалителни состојби, дебелина и канцер, тие објаснуваат дека ЦБД преку врзување со одредени рецептори (АСЕ2) може да го спречи навлегувањето на вирусот во клетките.

„ACE2 рецепторот е клучен за врзување, навлегување и реплицирање на вирусот во организмот. Со противвоспалителниот ефект на канабисот овој процес може да се успори со што би се намалило ширењето на вирусот во организмот“.

Како што наведваат истражувачите, важно е екстрактот од канабис да содржи висока концентрација на ЦБД (канабидиол, CBD), без или со минимално присуство на ТХЦ (тетрахидроканабинол, THC).

„Следен чекор е спроведување на клинички студии, но сепак, имајќи ги предвид моменталната епидемиолошка состојба и брзината на ширење на вирусот, треба  да ги искористиме сите потенцијални терапевтски можности во борба против коронавирусот”, истакнуваат истражувачите.

Текстот е преземен од MKD.MK, бидејќи првично беше објавен тука.

Оргинално објавен на https://calgary.ctvnews.ca/mobile/southern-alberta-researchers-say-medical-cannabis-could-help-fight-covid-19-1.4906249

Работни часови

Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00