fbpx

О Г Л А С

 Друштво за фармацевтско хемиски производи РЕПЛЕК ФАРМ ДООЕЛ СКОПЈЕ откупува:

 Cannabis floss врста богата со канабидиол (CBD) како активна супстанца во билката од Македонски производители

Сите заинтересирани при апликација потребно е да ги поседуваат и достават следниве документи:

 

  1. Flow-chart за следливост на секое правно лице/лица кои ги вршат активностите од фазата на набавка на материјалот за сеење/садење, одгледување, собирање, сушење, селектирање, обработка, уситнување, деконтаминација и други фази кои се вршат до пакување во контактна амбалажа
  2. Доказ за запишување на секое правно лице/лица во Централниот регистар на РСМ за соодветните активности кои ги изведува во процесот
  3. Спецификации за квалитет на употребениот семенски материјал или друг материјал за сеење/садење, почва и вода издаден од сертифицирана/акредитирана лабораторија
  4. Лабораториски наод од анализа на употребениот семенски материјал или друг материјал за сеење/садење, почва и вода издаден од сертифицирана/акредитирана лабораторија
  5. Вариетет на Cannabis хербата и нејзин дел (херба, цвет, лист и др.) кој завршува во транспортно пакување
  6. Лиценци, сертификати, акредитации кои ги поседува правното лице коe е дел од процесот во однос на одгледување на Cannabis (GACP) и сите последователни фази на обработка на хербата до доведување до сушена растителна маса во транспортно пакување (задолжителен е сертификат за усогласеност со начелата на Добра Производна Пракса – GMP, издаден од МАЛМЕД, предност се имплементирани ISO стандарди и сертификат за усогласеност со EU GMP нормите за соодветните активности).
  7. Спецификација за квалитет на сушена растителна маса (параметарот “Губиток со сушење” да изнесува < 10%) и лабораториски наод, издаден од сертифицирана/акредитирана лабораторија
  8. Сертификати за сообразност на контактниот паковен материјал за соодветната намена
  9. Расположлива документација: сертификати/спецификации во однос на следливост на условите на чување и транспорт на метеријалот во сите фази (GDP, релевантни ISO стандарди)

При поднесувањето на апликацијата потребно е да се достави примерок за физичко-хемиска анализа на билката со цел повторно одредување на процентуалниот состав на истата. Од добиениот резултат ќе зависи понатамошното договарање околу условите и деталите за соработка (договорени количини и цени).

 

Контакт лице:            Маја Аневска тел.: +38970331490

mail: maja.anevska@replek.com.mk