fbpx

“За прв пат во Македонија, иновативна природна козметика со екстракт од канабис богат со канабидиол (ЦБД)„

CBD го намалува оштетувањето на белите дробови предизвикано од COVID-19

Во една нова студија, научниците покажаа дека ЦБД - еден од не-психоактивните канабиноиди во канабисот, го намалува оштетувањето на белите дробови кое се јавува како последица на цитокинската бура предизвикана од COVID-19, преку зголемување на нивото на природен...

Соопштение за јавноста – Историјата се пишува денес: Обединети Нации го признаваат медицинскиот канабис

По 60 години статус кво, 3 години научни прегледувања од СЗО и 2 години дипломатски дискусии, денес Обединетите нации конечно го повлекоа канабисот од Класа IV со „статус на забранета супстанца” според Единствената конвенција. Повеќе информации на следниот...

НОВИ ПРОИЗВОДИ СО ЕКСТРАКТИ ОД КАНАБИС
НАЈВИСОКИ КОНЦЕНТРАЦИИ НА ЦБД НА ПАЗАРОТ

KANOIL gold nut 25% CBD KANOIL life 30% CBD Согласно најновите сознанија за комплементарното дејство на канабидиолот со маслата од орев и авокадо, ги креиравме Каноил Ексклузив производите кои поради синергизмот на двете состојки значително го подобруваат имунолошкиот...

За прв пат во Македонија, иновативна природна козметика со екстракт од канабис богат со канабидиол (ЦБД)

Што ги издвојува новите производи од линијата Канабо?

Канабидиол или ЦБД, присутен во екстрактот од канабис, покрај многубројните позитивни ефекти на здравјето има подмладувачки и смирувачки ефект на кожата. Ова се должи на големата распространетост на канабиноидните рецептори на површината на кожата. Токму поради ова и поради најновите светски сознанија кои го потврдуваат и детокс ефектот на ЦБД, ги создадовме Канабо, иновативните производи за нега на кожата.

Веќе постојат многубројни производи со масло од канабис, кои не ја содржат оваа вредна компонента, канабидиол т.е. ЦБД во својот состав. Тие содржат само масло од семето на канабис, растително масло кое најчесто се користи во исхраната, во кое нема ЦБД.

Како ЦБД делува на кожата?

Во согласност со современите светски трендови ја создадовме линијата Канабо за зачувување на здравиот и млад изглед на кожата. Во ова време на зголемено загадување на воздухот кога 90% од популацијата е секојдневно изложена на токсични органски и неоргански загадувачи,смог во воздухот, штетни ПМ честички и висок коефициент на УВ зрачење, кои доведуваат до предвремено стареење на кожата, Канабо линијата обезбедува сигурна заштита од предвремено стареење на кожата преку својот детокс ефект. Дополнително, обезбедува хидратација и регенерација, како и смирувачки ефект при појава на црвенило и иритации.

Која е тајната за ефикасноста на Канабо производите?

Природен состав и висококвалитетни состојки.

Покрај природниот ЦБД, Канабо производите содржат и природни растителни екстракти (невен, арника, бадем, кантарион), витамини (А, Е, пантенол) и подмладувачки состојки (хијалурон, колаген, ретинол), во зависност од намената на секој поединечен производ.

Производи за нега на лице со ЦБД

                                               

Cannabo day cream          Cannabo night cream          Cannabo lip balm

Аnti-age +Детокс + Хидратација

Производи за нега на тело со ЦБД

                                                                 

Cannabo hand cream                Cannabo body lotion                       Cannabo body oil

Детокс + Хидратација + Регенерација

Медицински креми за третман на воспалена кожа при херпес и хемороиди

 

                                        

Cannabo herp lip balm                    Cannabo hemor cream

Противвоспалитетен ефект + Заштита + Регенерација

КАНАБО иновативна формулација за нега со природен канабидиол (ЦБД)

ЗА ЗДРАВА И СJАЈНА КОЖА

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

РЕПЛЕК АД
КАНОИЛ

Работни часови

Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00