fbpx
ПРОЦЕСИ

Производство на екстракти и производи од канабис за медицински цели

Произведуваме природни висококвалитетни екстракти од канабис вградени во различни фармацевтски дозирани форми, во согласност со високите стандарди на фармацевтската индустрија, за што поседуваме и Сертификат за сообразност на производител со GMP нормите.

Сите фази, од прием на сушен цвет, преку процеси на екстракција, технолошки процеси на производство на дозирани фармацевтски формулации и нивно пакување, се строго контролирани од нашите сертифицирани лаборатории за Контрола на квалитет и Микробиологија во сите меѓуфази, со што се обезбедува строго контролиран и стандардизиран финален производ од канабис со висок квалитет.

Сушениот цвет кој се користи како како влезна суровина во процесите на екстракција, мора да ги задоволува сите критериуми на квалитет, вклучувајќи ги и здавствените аспекти на отсуство на контаминанти; хербициди, пестициди, тешки метали, резидуални органски растворувачи, отсуство на микотоксини, микробиолошка чистота и др. Екстракцијата ја изведуваме според стандардни, строго дефинирани услови на суперкритична СО2 екстракција, коа се одвива на ниска температура, што обезбедува максимално зачувување на сите присутни канабиноиди и останати биолошко-активни фитокомпоненти. На тој начин се добива полновреден “Full Spectrum” екстракт од канабис, во кој е одржан меѓусебен синергизам на компонентите на растението.

Ваквиот природен полновреден екстракт од канабис се користи како активна компонента во нашите дозирани фармацевтски формулации, во точно одредена количина, со која се обезбедува декларираната содржина на примарните канабиноиди, во нивната најпотентна декарбоксилирана, неутрална, липофилна форма.

Реплек Фарм

Сертификати