fbpx

20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал

Ное 23, 2021

РЕПЛЕК ФАРМ – ОПШТЕСТВЕНО ОДГОВОРНА КОМПАНИЈА

Во тек на минатата година дониравме повеќе од 8.000.000 денари или повеќе од 130.000 евра за добротворни цели т.е. помош на јавните институции: Министерство за здравство, ЈЗУ Клинички Центар, ЈЗУ ГОБ 8 Септември, Институт за Белодробни заболувања Козле, Институт за...

Реплек Фарм – Единство и тимски дух

Во одлична форма и кондиција, тимот на Реплек Фарм го освои четвртото место на традиционалната Бизнис Трка 2021, организирана од страна на Прв до Врв. Бројните натпреварувачи на Реплек Фарм, поделени во 5 тима, годинава трчаа во чест на прерано починатиот колега Јорго...

ТРКА ЗА НЕЗАВИСНОСТ – КРУШЕВО

На 4ти септември 2021 се одржа првата 5 километарска “Трка за независност” во Крушево. Реплек фарм како општествено одговорна компанија, го поддржа и овој настан со донација на производи меѓу кои и Ресепт производите за...

На денешната работна посета во Реплек, австрискиот амбасадор Д-р Георг Вуцас ги посети производните капацитети и заедно со Генералниот Директор, Душан Пецовски, најавија нови можности за соработка меѓу двете земји.

На прес конференцијата која следеше по посетата, генералниот директор потенцираше дека Реплек е компанија во која е присутен австриски капитал и е одличен пример за успешна странска инвестиција во Македонија која веќе 20 години произведува квалитетни генерички лекови и извезува во повеќе од 25 земји ширум светот.

“Се залагаме за унапредување на соработката меѓу австриското и македонското стопанство и индустрија, за што постои голем интерес од двете страни. Планираме капитални инвестиции во производните капацитети кои ќе вклучат австриски компании, ресурси и know-how, пласман на наши производи во Австрија како и пласирање на австриски производи на македонскиот пазар.

Продолжуваме да растеме, се модернизираме и посветено работиме на остварување на нашата цел, да донесеме дел од светот во Македонија и да пренесеме дел од Македонија во светот поради што неуморно работиме на производство на квалитетни лекови достапни за сите и на освојување на нови пазари.

Работни часови

Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00