fbpx

20 години успешна работа

Апр 15, 2021

Реплек во работна посета на Стопанската комора

На средбата, беше разговарано за новите можности за ширење на бизнис соработката на Реплек во регионот на Западен Балкан. Истата би се реализирала преку активностите на Стопанската комора, која е единствената бизнис асоцијација од државата членка на ЗБ6 (6 партнерски...

Се грижиме за нашите вработени и ги поддржуваме локалните производители

Децата се нашата иднина, а за нашите деца избравме македонски новогодишни пакетчиња, согласно нашата цел, да создаваме трајни вредности и да креираме нови можности за идните генерации. Заради пандемијата, наместо новогодишна прослава, средствата ги пренаменивме за...

20 години Реплек Фарм – 20 години австриски капитал

На денешната работна посета во Реплек, австрискиот амбасадор Д-р Георг Вуцас ги посети производните капацитети и заедно со Генералниот Директор, Душан Пецовски, најавија нови можности за соработка меѓу двете земји. На прес конференцијата која следеше по посетата,...

ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ – НАША ОБВРСКА

Низ годините, со јасно одредена цел и посветеност успеавме да создадеме современа фармацевтска компанија која работи според највисоките стандарди на фармацевтската индустрија. Ги следиме светските научни трендови и ги имплементираме во производство на висококвалитетни генерички лекови. Континуирано вложуваме во иновативни технологии, отвараме нови терапевтски можности и создаваме вредности за идните генерации.

Нашата цел ја реализираме доследно почитувајќи ги компаниските вредности, вработените,  клиентите и партнерите, градејќи основи за долгорочна соработка и доверба. Нашата визија е да бидеме помеѓу десетте водечки компании на пазарите каде сме присутни. До сега производите ги пласираме во повеќе од 25 земји, на сите пет континенти и неуморно работиме на освојување на нови странски пазари.

Јубилејната 2021 година ја посветувеме на децата, бидејќи тие се нашата иднина. Во чест на заедничкиот јубилеј и на М-р Душан Туџаров кој е покровител на СОС Детско село од самото основање, ја продолжуваме традицијата на солидарност и отвараме ново подглавје во реализирање на клучните вредности како општествено одговорна компанија.

Со компаниски донации и хуманитарни активности, помагаме во реализација на мисијата на СОС Детското село “Обезбедуваме топол дом, грижа и љубов за секое дете”.

Подржете ја кампањата, помогнете на децата без родители!

Линк за индивидуални донации https://sos.org.mk/doniraj/

Линк за онлине нарачка https://grouper.mk/shop/green-shop

Со почит

Реплек Фарм

Работни часови

Пон. - Пет. / 8.00 - 16.00