Азимед®
Azithromycin
Филм-обложени таблети 500 mg
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗОATC J01F A10
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Азитромицин треба да се дава како единечна дневна доза. Времетраењето на третманот за различни инфективни заболувања е даден подолу:
Таблетите може да се земaaт со или без храна.
Таблетите треба да се земаат со 1/2 чаша вода.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 500 mg азитромицин (во форма на азитромицин дихидрат), помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Азитромицин е индициран кај следните бактериски инфекции предизвикани од микроорганизми кои се осетливи на азитромицин: • Акутен бактериски синузитис (соодветно дијагностициран). • Акутен бактериски отитис медиа (соодветно дијагностициран). • Фарингитис, тонзилитис. • Акутна егзацербација на хроничен бронхитис (соодветно дијагностициран). • Блага до умерено тешка вонболнички стекната пневмонија. • Инфекции на кожата и меките ткива со блага до умерена сериозност на пример, фоликулитис, целулитис, еризипел. • Некомплициран уретритис и цервицитис предизвикан од Chlamydia trachomatis. Потребно е да се земат во предвид официјалните водичи за соодветна употреба на антибактериските лекови. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Преосетливост на азитромицин, еритромицин, било кои макролидни или кетолидни антибиотици, или на некој од ексципиенсите. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 3 филм-обложени таблети од 500 mg во блистер пакување. |
Скорешни коментари