fbpx

Актифен®

Ibuprofen

БРЗО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД БОЛКАТА

Филм-обложени таблети, каплети 200 mg.

Филм-обложени таблети, каплети 400 mg.

ATC M01A E01

Се издава без рецепт

Актифен (ибупрофен) е аналгетик кој има и антиинфламаторно дејство . Се користи за третман на различни типови на болки како:

  • Главоболка вклучително и мигрена, забоболка, менструална болка, постоперативна болка (акутни болки)
  • Болки во зглобови при ревматоиден артрит, остеоартрит и други артропатии ( хронични болки)
  • Болки при повреди на зглобните или меките ткива (бурзитис, тендинитис, теносиновитис, болка во грбот, изместување, шинување, истегнување)
  • Покачена телесна температура

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Возрасни и деца над 12 години

  • 1200 mg -1600 mg дневно, во поделени дози
  • Максимална дневна доза е 2400mg, во поделени дози
  • Растојанието помеѓу дозите треба да изнесува 6-8 часа, а најмалку 4 часа.

СОСТАВ    

1 филм-обложена таблета, каплета од 200 mg содржи 200 mg ибупрофен.

1 филм-обложена таблета, каплета од 400 mg содржи 400 mg ибупрофен.


ПАКУВАЊЕ       

Кутија со 10 и со 20 филм-обложени таблети, каплети од 200 mg во блистер пакување.

Кутија со 10 и со 20 филм-обложени таблети, каплети од 400 mg во блистер пакување.