fbpx

Алерзин®

Cetirizine 10 mg

ATC R06A E07

Се издава без рецепт

  • ублажување на симптомите на сезонски и целогодишни алергиски ринит (секреција од носот, кивање, чешање, солзење, чешање и црвенило во очите)
  • хронична идиопатска уртикарија

Цетиризин спаѓа во групата на антихистаминици од II генерација кои се користат за олеснување на симптомите на алергиски реакции.

Кога ќе дојдете во контакт со нешто на што имате алергија (полен, животински влакна, домашна прашина или каснување од инсекти), вашето тело произведува хемикалија наречена хистамин. Обично хистамин е корисна супстанца, но при алергиска реакција предизвикува непријатни симптоми како чешање, солзење, секреција или затнат  нос, кивање и осип на кожата. Цетиризин ги блокира ефектите на хистамин и ги намалува овие симптоми.

После замањето на таблетата треба да почнете да се чувствувате подобро во рок од еден час.

Терапијата може да трае кратко време (еден ден или два доколку се работи за убод од инсект)  или подолго (неколку месеци доколку се работи за алергија на полен). Во овој случај терапијата се зема сезонски, т.е. за целото време додека поленот е присутен).


ДОЗИРАЊЕ  

  • Само 1 х 1 на ден
  • За возрасни и деца над 12 години

СОСТАВ

Една филм-обложена таблета содржи 10 mg цетиризин


 ПАКУВАЊЕ     

Кутија со 10 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување.