fbpx

Амикацин

Amikacin
Раствор за инјектирање за интрамускулна и интравенска употреба 500 mg/2 ml
ATC J01G B06
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


За повеќе информации во врска со дозирање и начин на употреба прочитајте ТУКА.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 ml раствор содржи 250 mg амикацин (во форма на амикацин сулфат), помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Амикацин е полусинтетски, аминогликозиден антибиотик, кој е активен против широк спектар на Грам-негативни организми, вклучувајќи Pseudomonas и некои Грам-позитивни организми.
Осетливите Грам-негативни организми вклучуваат: Pseudomonas aeruginosa, Escherichia coli, индол-позитивни и индол-негативни Proteus spp, Klebsiella, Enterobacter и Serratia spp, Minea-Herralae, Citrobacter freundii, Salmonella, Shigella, Acinetobacter и Providencia spp.
Многу соеви на Грам-негативни бактерии кои се резистентни на гентамицин и тобрамицин, ин витро покажуваат осетливост на амикацин.
Од Грам-позитивните организми осетливи на амикацин на прво место е Staphylococcus aureus, вклучувајќи и некои метицилин-резистентни соеви. Амикацин покажува извесна активност и против други грам-позитивни организми вклучувајќи одредени видови на Streptococcus pyogenes, Enterococci и Diplococcus pneumoniae.
Амикацин е индициран за краткотраен третман на сериозни инфекции предизвикани од осетливи соеви на Грам-негативни бактерии, вклучувајќи Pseudomonas spp. Иако амикацин не е лек од избор за инфекции предизвикани од стафилококи, понекогаш може да биде индициран за третман на познато или суспектно стафилококно заболување. Овие ситуации вклучуваат: започнувањето на терапија за тешки инфекции кога суспектни организми се или Грам-негативни или стафилококи, пациенти алергични на други антибиотици, и мешани стафилококни / Грам-негативни инфекции.
Терапија со амикацин може да се започне пред да се добијат резултатите од тестирањето на осетливоста. Хируршки процедури треба да се извршат каде што е индицирано.
Треба да се разгледаат официјалните насоки за соодветна употреба на антибактериски агенти.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Миастенија гравис.
Амикацин е контраиндициран кај пациенти со позната преосетливост кон амикацин или било која составна компонента на лекот.
Историја на преосетливост или сериозни токсични реакции кон аминогликозиди може да ја контраиндицираат употребата на било кој друг аминогликозид, поради познатата вкрстена преосетливост на пациентите кон лековите од оваа класа.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со една вијала со 500 mg/2 ml раствор за инјектирање