Амиодарон
Amiodarone
Таблети 200 mg
ATC C01B D01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗОДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Таблетите Амиодарон се наменети за перорална употреба.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 таблета содржи 200 mg амиодарон хидрохлорид, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Третманот со амиодарон треба да започне и да се мониторира само во болница или под контрола на лекар специјалист. Амиодаронот е индициран само за третман на тешки пореметувања на срцевиот ритам кои не реагираат на третман со други лекови или кога другите лекови не може да се употребат. Индикации за примена на амиодарон се: Тахиаритмии поврзани со Wolff-Parkinson-White синдромот. Атријален флатер и фибрилација, кога не може да се употребат други лекови. Сите типови на пароксизмални тахиаритми, вклучително и суправентрикуларни, нодални и вентрикуларни тахикардии, потоа вентрикуларна фибрилација, доколку други лекови не може да се употребат. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Синусна брадикардија и синоатријален блок. Кај пациенти со тешки нарушувања на спроводливоста (висок степен на AV блок, бифасцикуларен или тpифacцикyлapeн блок) и болест на синусниот јазол, амиодаронот може да се користи само доколку пациентот има вграден пејсмејкер. Историја на дисфункција на тироидеата. Пред започнување на третманот со амиодарон, кај сите пациенти треба да се направат лабораториски испитувања за проверка на функцијата на тироидеата. Позната преосетливост на амиодарон, на било која од помошните супстанции на лекот или на јод. Истовремена примена на амиодарон со лекови кои можат да предизвикаат torsades de pointes. Бременост, освен во исклучителни случаи. Лактација. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 60 таблети од 200 mg (6 блистера со по 10 таблети). |
Скорешни коментари