Атенолол
Atenolol
Таблети 100 mg
ATC C07A B03
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Дозата секогаш треба да се прилагоди во зависност од индивидуалните потреби на пациентот, со најниска можна почетна доза.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 таблета содржи 100 mg атенолол, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
– Артериска хипертензија, – Ангина пекторис, – Срцеви аритмии, – Миокарден инфаркт, рана интервенција во акутната фаза. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Атенолол, како и другите бета блокатори не смее да се употребува кај пациенти со: – кардиоген шок, – неконтролирана срцева слабост, – синдром на заболен синусен јазол, – срцев блок од втор или трет степен, – нелекуван феохромоцитом, – метаболна ацидоза, – брадикардија (< 45 удари во минута), – хипотензија, – позната преосетливост на активната супсанција, или на некоја од помошните супстанции, – тешки нарушувања на периферната артериска циркулација. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 15 таблети од 100 mg во пластично шише. |
Скорешни коментари