Аторвастатин
Atorvastatin
Филм-обложени таблети 10 mg
Филм-обложени таблети 20 mg
Филм-обложени таблети 40 mg
Филм-обложени таблети 80 mg
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Дозирање: Пациентот, пред да почне со терапијата со аторвастатин, треба да биде подложен на стандардна диета за намалување на холестеролот и треба да продолжи со таа диета во тек на третманот со аторвастатин.
Дозата треба да се прилагоди индивидуално во зависност од LDL холестеролот нивоата, поставената терапевтска цел и одговорот на пациентот.
Вообичаената почетна доза е 10 mg аторвастатин еднаш на ден. Прилагодување на дозата треба да се прави во интервали од 4 недели или повеќе. Максимална дневна доза е 80 mg аторвастатин еднаш на ден.
Начин на примена: Аторвастатин е наменет за перорална примена. Дневната доза се зема наеднаш и може да се земе во било кое време од денот, со или без храна.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 10 mg аторвастатин (во форма на аторвастатин калциум трихидрат), помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 20 mg аторвастатин (во форма на аторвастатин калциум трихидрат), помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 40 mg аторвастатин (во форма на аторвастатин калциум трихидрат), помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 80 mg аторвастатин (во форма на аторвастатин калциум трихидрат), помошни супстанции |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Хиперхолестеролемија Аторвастатин е индициран како додаток на соодветна диета за намалување на зголеменото ниво на вкупниот холестерол, LDL холестеролот, аполипопротеинот B и триглицеридите, кај возрасни и деца на 10 годишна возраст или постари со примарна хиперхолестеролемија, вклучувајќи фамилијарна хиперхолестеролемија (хетерозиготна варијанта) или комбинирана (мешана) хиперлипидемија (која одговара на тип IIa и IIb според Fredrickson класификацијата) кога со диетата и другите нефармаколошки мерки не се постигнати задоволителни резултати. Исто така, аторвастатин е индициран за намалување на нивото на вкупниот холестерол и LDL холестеролот кај возрасни со хомозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија, како дополнителна терапија на другите третмани за намалување на липидите (на пример LDL афереза) или доколку таква терапија не е на располагање. Превенција од кардиоваскуларни болести Превенција од појава на кардиоваскуларни настани кај пациенти кои се со висок ризик за прв кардиоваскуларен настан, како дополнение на корекцијата на другите ризик фактори |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Аторвастатин е контраиндициран кај пациенти: – со преосетливост на активната супстанција или некоја од помошните супстанции на лекот, – со активно хепатално заболување или необјаснето перзистентно зголемени вредности на серумските трансаминази, над 3 пати повисоки од горната граница на нормалните вредности, – во период на бременост и доење и кај жени во фертилен период кои не употребуваат соодветна контрацепција. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 10 mg (3 блистери со по 10 филм-обложени таблети) Кутија со 30 филм-обложени таблети од 20 mg (3 блистери со по 10 филм-обложени таблети) Кутија со 30 филм-обложени таблети од 40 mg (3 блистери со по 10 филм-обложени таблети) Кутија со 30 филм-обложени таблети од 80 mg (3 блистери со по 10 филм-обложени таблети) |
Скорешни коментари