fbpx

Бетаметазон

Betamethasone
Крем 0.5 mg/g 
Маст 0.5 mg/g 
ATC D07A C01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Возрасни и деца: Се нанесува еднаш до двапати на ден. Во повеќето случаи треба да се нанесе тенок слој од кремот или маста на заболениот дел од кожата, двапати на ден. Кај некои пациенти може да се постигне соодветна ефикасност и со помалку честа употреба.

Бетаметазон кремот особено е погоден за влажни лезии, а маста за суви, лихенифицирани или лушпести лезии. Контрола на начинот на дозирање за време на повремена и терапија на одржување може да се постигне со употреба на средства кои содржат парафинско уље или бел восок. Таков вид на контрола понекогаш е потребен кај умерено сува кожа која е во процес на опоравување и за која е потребна ниска доза на кортикостероиди.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 g крем содржи 0.5 mg бетаметазон во форма на бетаметазон дипропионат, помошни супстанции.
1 g маст содржи 0.5 mg бетаметазон во форма на бетаметазон дипропионат, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Бетаметазон дипропионат е синтетски флуориран кортикостероид. Делува локално и предизвикува брз и долготраен одговор кај егзем и сите видови на дерматитис, вклучувајќи атопичен егзем, фотодерматитис, лихен планус, лихен симплекс, нодуларен пруриго, дискоиден лупус еритематозус, липоидна некробиоза, претибијален микседем и еритродерма. Исто така, бетаметазон дипропионат е ефикасен и кај состојби кои послабо реагираат, како псоријаза на скалпот, хронична плак псоријаза на дланките и стопалата, но со исклучок на проширена плак псоријаза.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Розацеа, акни, периорален дерматитис, перианален и генитален јадеж. Исто така, контраиндикации се преосетливост кон било која состојка на лекот, туберкулоза на кожата, вирусни инфекции на кожата, особено херпес симплекс, вакцинија, варичела. Бетаметазон кремот или маста не смее да се употребува кај исип од пелени, габични или бактериски инфекции на кожата без соодветна истовремена антиинфективна терапија.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со туба со 15g крем.
Кутија со туба со 30g крем.
Кутија со туба со 15g маст.
Кутија со туба со 30g маст.