fbpx

Бeтасалик®

Betamethasone, salicylic acid

Маст (0.5 mg+30 mg )/g

Лосион (0.5 mg+20 mg )/ml 
ATC D07B C01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Возрасни: Бетасалик® маста и лосионот се нанесуваат еднаш до двапати на ден. Во повеќето случаи треба да се нанесе тенок слој на заболениот дел од кожата, двапати на ден.
Кај некои пациенти може да се постигне соодветна ефикасност и со помалку честа употреба.

Лосионот особено е погоден за примена на косматиот дел на главата и влакнестите делови на телото.
Препорачливо е лекот да се пропише за период од две недели, а потоа да се оцени ефектот од третманот. Максималната неделна доза не смее да биде повисока од 60 g.

Деца: Примената кај деца треба да се ограничи на 5 дена.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 g маст содржи 0.5 mg бетаметазон во форма на бетаметазон дипропионат и 30 mg салицилна киселина, помошни супстанции.
1 ml лосион содржи 0.5 mg бетаметазон во форма на бетаметазон дипропионат и 20 mg салицилна киселина, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Бетаметазон дипропионат е синтетски флуориран кортикостероид. Делува локално и предизвикува брз и долготраен одговор кај оние инфламаторни дерматози кои реагираат на локална терапија со кортикостероиди. Исто така, бетаметазон дипропионат е ефикасен и кај состојби кои послабо реагираат, како псоријаза на скалпот, хронична плак псоријаза на дланките и стопалата, но со исклучок на проширена плак псоријаза.
Локално аплицираната салицилна киселина го омекнува кератинот, го олабавува орожнатиот епител и го лупи епидермисот.
Поради тоа, Бетасалик
Ò е индициран за третман на хиперкератотични и суви дерматози кои реагираат на терапија со кортикостероиди, кај кои орожнатиот епител може да го отежне продирањето на кортикостероидите во кожата. Салицилната киселина, како резултат на способноста да предизвика лупење, овозможува побрзо продирање на кортикостероидите во кожата

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Розацеа, акни, периорален дерматитис, перианален и генитален јадеж. Исто така, контраиндикации се преосетливост кон било која состојка на лекот, туберкулоза на кожата, вирусни инфекции на кожата, особено херпес симплекс, вакцинија, варичела. Бетасалик® не смее да се употребува кај исип од пелени, габични или бактериски инфекции на кожата без соодветна истовремена антиинфективна терапија.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со туба со 30 g маст.
Кутија со шише со 50 ml лосион.