Верапамил
Verapamil
Обложени таблети 80 mg
ATC C08D A01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Метод на примена: За орална примена.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 обложена таблета содржи 80 mg верапамил хидрохлорид |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Третман на блага до умерена хипертензија и ренална хипертензија, како монотерапија или во комбинација со друга антихипертензивна терапија. Третман и профилакса на ангина пекторис (вклучувајќи варијантна- Prinzmetal-ова ангина). Третман и профилакса на пароксизмална суправентрикуларна тахикардија и намалување на фрекфенцијата на вентрикулите кај атријална фибрилација/флатер. Верапамил не треба да се применува за атријална фибрилација/флатер кај пациенти со Wolff-Parkinson-White синдром. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Преосетливост на верапамил или на било кој од помошните супстанции. Хипотензија (систолен притисок помал од 90mm Hg). Втор или трет степен на атриовентрикуларен блок; синдром на болен синусен јазол (освен кај пациенти со функционален вештачки пејсмејкер); декомпензирана срцева инсуфициенција; значителна брадикардија (помалку од 50 отчукувања/минута). Комбинација со бета-блокатори е контраиндицирана кај пациенти со слаба вентрикуларна функција. Wolff-Parkinson-White синдром. Истовремена ингестија на сок од грејпфрут. Акутен миокарден инфаркт комплициран со брадикардија, значителна хипотензија или слабост на левата комора. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 обложени таблети од 80 mg во блистер пакување. |
Скорешни коментари