fbpx

Витамин Б6 таблети

Pyridoxine 20 mg

ATC A11H A02

Се издава без рецепт


ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ     

  • хиповитаминоза и авитаминоза на витамин Б6
  • невропатија
  • идиопатска сидеробластична анемија
  • предменструален синдром
  • повраќање за време на бременост
  • пореметување во метаболизмот на пиридоксин кај жени кои употребуваат контрацептиви со естрогени
  • радијациска болест
  • пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија)
  • полиневрит кај алкохоличари
  • терапија со изониазид, хидралазин, циклосерин и пенициламин
  • конвулзии на новороденче предизвикани со дефицит на витамин Б6

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Дефицит на витамин Б6: 20-50 mg, до 3 пати на ден.

Невропатија предизвикана со изониазид: профилакса – 10 mg еднаш на ден.

Лекување – 50 mg три пати на ден.

Идиопатска сидеробластична анемија: 100-400 mg на ден, поделено во неколку дози.

Предменструален синдром: 50-100 mg на ден, поделено во неколку дози.

Повраќање при бременост: 20-100 mg на ден, поделено во неколку дози.

Пореметување во метаболизмот на аминокиселини (цистинурија): 60 mg на ден во тек на 3 недели, како и 50 mg на ден доживотно.


СОСТАВ              

1 таблета содржи 20 mg пиридоксин хидрохлорид.


ПАКУВАЊЕ    

Кутија со 20 таблети од 20 mg.