Витамин Е
Tocopherol 100 ИЕ
Tаблети за џвакање
ATC A11H A03
Се издава без рецепт
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Дополнителна терапија при стерилитет, хабитуални абортуси, менопаузален синдром, кардиоваскуларни, невролошки пореметувања, мускулни дистрофии, мастопатија и хемолиза.
Витаминот Е се користи во високи дози како антиоксидант, за превенцијата и терапија на заболувања во чија патогенеза играат улога слободните радикали (кардиоваскуларни, ревматоидни заболувања, карциноми, имуни заболувања и сл ).
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Една таблета, 1-3 пати на ден.
СОСТАВ
Една таблета за џвакање содржи: токоферол 100 ИЕ (витамин Е во форма на токоферил ацетат).
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 таблети за џвакање (3 блистера х 10 таблети за џвакање).
Скорешни коментари