fbpx

Глибенкламид

Glibenclamide
Таблети 5 mg 
ATC A10B B01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Дозата на глибенкламид зависи од  нивото на глукоза во крвта.
Дозата на глибенкламид мора да биде најниската можна доза која е ефективна.
Грешките, на пр. заборавање да се земе доза, никогаш не смеат да се корегираат со последователно земање на поголеми дози.
Вообичаената вкупна дневна доза е 2,5 mg до 15 mg,  со вообичаена почетна доза од 5 mg дневно. Може да се направи неделно прилагодувања за да се зголеми дозата на оптимално ниво. Дози од 10 mg или помалку може да се земаат како единечна доза веднаш пред појадок, но ако дневната доза е поголема од 10 mg, остатокот треба да се зема веднаш пред вечерата.
Кај постарите пациентие, вообичаено е потребна помала доза.

Пропуштена Доза

Доколку дозата не се земе во пропишаното време, се пропушти оброк или се земе поголема доза, потребна е консултација со лекар. Важно е да не се прескокнува оброкот по земањето на таблетите.

Секундарно Приспособување на Дозата

Со подобрување на контролата на дијабетесот се зголемува сензитивноста кон инсулин, поради што потребата за глибенкламид може да се намали во текот на терапијата. Затоа, со цел да се избегне хипогликемија, повремено е потребно да се земе предвид намалување на дозата или прекинување на терапијата со глибенкламид. Промена на дозата треба да се земе предвид секогаш кога: – ќе се промени телесната тежина на пациентот, – ќе се промени стилот на живење на пациентот, – ќе се појават други фактори кои можат да ја зголемат предиспозицијата за хипогликемија или за хипергликемија.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 5 mg глибенкламид, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Глибенкламид е сулфонилуреа хипогликемиски агенс, индициран за перорален третман на пациенти со инсулин независен дијабетес, кај кои диететските мерки сами по себе не се доволни за регулирање на гликемијата.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Глибенкламид не треба да се користи кај пациенти кои имаат или имале дијабетична кетоацидоза или дијабетична кома/предкома или кај пациенти кои имаат инсулин-зависен дијабетес мелитус, сериозни нарушувања на реналната, хепаталната или адренокортикалната функција, кај пациенти кои се преосетливи на глибенкламид или на било кој од ексципиенсите или во услови на невообичаен стрес, на пр. хируршки операции или за време на бременост, кога е неопходна примена на диетални мерки и на инсулин.
Глибенкламид не треба да го користат следниве групи:
– пациенти со интолеранција на сулфонилуреа или сулфонамиди,
– пациенти со јувенилен дијабет,
– бремени,
– жени кои дојат,
– деца,
– пациенти третирани со босентан.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 40 таблети од 5 mg (4 блистери со по 10 таблети).