fbpx

Дексаметазон+Хлорамфеникол

Dexamethasone, chloramphenicol
Капки за око, раствор (0,1%+0,5%)
ATC S01C A01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Вообичаено дозирање: една капка Дексаметазон+Хлорамфеникол во коњуктивалната ќеса 3-5 пати на ден.

Акутни состојби: до 1 капка Дексаметазон+Хлорамфеникол на секој час.

Како и кај другите кортикостероиди, дозирањето кај децата под 2 годишна возраст треба внимателно, индивидуално да се одреди.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 ml раствор содржи дексаметазон натриум фосфат 0,1%, хлорамфеникол 0,5%.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

-Акутен и хроничен инфективен и алергиски кератитис и коњуктивитис (но не од вирусна етиологија);
-Инфекции на предниот очен сегмент (иритис, иридоциклитис);
-Склеритис, еписклеритис, миозитис, симпатична офталмија;
-Постоперативен третман на катаракта, глауком или теномиотомија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

-преосетливост на некоја од составните компоненти на лекот;
-оштетувања или улцерозни процеси на корнеата, Herpes simplex и други вирусни инфекции, микози;
-глауком;
-тешки хематолошки заболувања и дисфункција на црниот дроб;
-фамилијарна историја на депресија на коскена срцевина;
-бременост и лактација.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со шишенце со 10 ml раствор