fbpx

Диазепам

Diazepam

Обложени таблети 2mg
Обложени таблети 5mg
Таблети 10mg

ATC N05B A01
Се издава на рецепт

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирање

Како анксиолитик, треба да се применува најниската ефективна доза; дозниот режим не треба да надминува 4 недели и третманот треба постепено да се прекинува. На пациентите кои примале бензодиазепини во тек на долг временски период, може да им биде потребен продолжен период на повлекување. Не се препорачува долготрајна хронична примена.

Возрасни:  

Анксиозни состојби, опсесивно-компулсивни неврози, и други психијатриски нарушувања: 5-30 mg дневно во поделени дози.

Несоница поврзана со анксиозност: 5-15 mg пред легнување.

Церебрална парализа: 5-60 mg дневно во поделени дози.

Спастицитет на горен моторен неврон: 5-60 mg дневно во поделени дози.

Мускулен спазам од различна етиологија, фиброзитис, цервикална спондилоза: 5-15 mg дневно во поделени дози.

Додаток на терапија кај некои видови на епилепсија: 2-60 mg дневно во поделени дози.

Одвикнување од алкохол: 5-20 mg, ако е потребно се повторува за 2 до 4 часа.

Орална премедикација кај стоматолошки пациенти: 5 mg ноќта пред интервенцијата, 5 mg наутро и 5mg два часа пред интервенцијата.

Орална премедикација пред хируршка интервенција: 5 mg-20 mg.

Деца:

Спастични деца со минимално мозочно оштетување: 5 mg-40 mg дневно во поделени дози.

Орална премедикација пред операција: 2 mg-10 mg.

Стари и изнемоштени пациенти: Дозата треба да биде половина од погоре препорачаните дози.

Ренално и хепатална оштетување:Примената на диазепам кај хепатално оштетување може да предизвика кома, па затоа дозата треба да се намали или да се земе во предвид алтернативен лек. Кај тешка ренална инсуфициенција дозата треба да се намали.


Начин на примена: За орална примена.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 обложена таблета содржи 2 mg диазепам.
1 обложена таблета содржи 5 mg диазепам.
1 таблета содржи 10 mg диазепам.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Возрасни
1) Краткотрајно олеснување (2-4 недели) на анксиозност која е тешка, онеспособувачка, или го подложува пациентот на неприфатлива вознемиреност, и која се јавува сама или поврзана со несоница или краткотрајно психосоматско, органско или психотично заболување.
2) Церебрална парализа.
3) Мускулен спазам.
4) Како додаток на третман кај одредени видови на епилепсија (на пример, миоклонус).
5) Симптоматски третман на акутно одвикнување од алкохол.
6) Како орална премедикација кај нервозни стоматолошки пациенти.
7) За премедикација пред операција.
Деца
1) Контрола на напнатост и иритабилност кај церебрална спастичност, во селектирани случаи.
2) Како додаток за контрола на мускулен спазам кај тетанус.
3) Орална премедикација.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

• Позната хиперсензитивност кон бензодиазепини и било која друга состојка на лекот.
• Фобични или опсесивни состојби; хронични психози (може да се јават парадоксални реакции).
• Акутна пулмонална инсуфициенција; респираторна депресија (може да се влоши вентилаторната инсуфициенција).
• Миастенија гравис (состојбата може да се влоши).
• “Sleep apnea” синдром (состојбата може да се влоши).
• Тешка хепатална инсуфициенција (полуживотот на елиминација на диазепам може да се продолжи).
• Акутна порфирија.
• Диазепам не треба да се применува како монотерапија кај пациенти со депресија или пак оние со анксиозност и депресија, бидејќи кај таквите пациенти може да се предизвика самоубиство.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 обложени таблети од 2 mg во блистер пакување.
Кутија со 30 обложени таблети од 5 mg во блистер пакување.
Кутија со 30 таблети од 10 mg во блистер пакување.