fbpx

Дифлуконазол®

Fluconazole
Капсули 50 mg 
Капсули 100 mg
Капсули 150 mg
Капсули 200 mg
ATC J02A C01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозата треба да се заснова на видот и сериозноста на фунгалната инфекција. Лекувањето на инфекции кај кои е потребно повеќекратно дозирање, треба да се продолжи се додека клиничките параметри или лабораториски тестови не покажат дека активната габична инфекција се повлекла. Несоодветен период на третман може да доведе до повторување на активна инфекција.

За детални информации за дозирање и начин на употреба прочитајте ТУКА.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 капсула содржи 50 mg флуконазол, помошни супстанции.
1 капсула содржи 100 mg флуконазол, помошни супстанции.
1 капсула содржи 150 mg флуконазол, помошни супстанции.
1 капсула содржи 200 mg флуконазол, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Дифлуконазол® е индициран кај следниве фунгални инфекции.
Дифлуконазол® кај возрасни е индициран за третман на:
• Криптококен менингитис.
• Кокцидиоидомикоза.
• Инвазивна кандидијаза.
• Мукозна кандидијаза вклучувајќи орофарингеална, езофагеална кандидијаза, кандидурија и хронична мукокутана кандидијаза.
• Хронична орална атрофична кандидијаза (од забна протеза) ако денталната хигиена или локалниот третман не се доволни.
• Вагинална кандидијаза, акутна или рекурентна, кога локалната терапија не е соодветна.
• Кандидијален баланитис кога локалната терапија не е соодветна.
• Дерматомикози вклучувајќи tinea pedis, tinea corporis, tinea cruris, tinea versicolor и дермални кандидијални инфекции кога е индицирана системска терапија.
• Tinea unguinium (onychomycosis), кога терапијата со други лекови не е соодветна.
Дифлуконазол® кај возрасни е индициран за профилакса на:
• Релапс на криптококен менингитис кај пациенти со висок ризик од рекуренца.
• Релапс на орофарингеална или езофагеална кандидијаза кај пациенти инфицирани со ХИВ кои се изложени на висок ризик од релапс.
• Да се намали инциденцата на рекурентна вагинална кандидијаза (4 или повеќе епизоди годишно).
• Профилакса на кандидјални инфекции кај пациенти со пролонгирана неутропенија (како што се пациентите со хематолошки малигни заболувања кои примаат хемотерапија или пациенти кои примаат хематопоетски матични клетки за трансплантација).
Дифлуконазол® е индициран кај новороденчиња, доенчиња, мали деца, деца и адолесценти на возраст од 0 до 17 годишна возраст:
Дифлуконазол® се користи за третман на мукозна кандидијаза (орофарингеална, езофагеална), инвазивна кандидијаза, криптококен менингитис и профилакса на кандидијални инфекции кај имунокомпромитирани пациенти. Дифлуконазол® може да се користи како терапија на одржување за да се спречи релапс на криптококен менингитис кај деца со висок ризик од повторното јавување.
Терапијата со Дифлуконазол® може да започне и пред да бидат познати резултатите од културите и другите лабораториски испитувања, но сепак, кога овие резултати ќе станат достапни, антиинфективната терапија треба да се прилагодува соодветно.
Треба да се разгледаат официјалните насоки за соодветна употреба на антифунгални лекови.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на активната супстанција, други азолни супстанции, или на било која од помошните супстанции.
Врз основа на резултатите од студија за интеракција при повеќекратно дозирање, истовремената примена на терфенадин е контраиндицирана кај пациенти на третман со флуконазол, при повеќекратно дозирање на дози од 400 mg на ден или повисоки. Истовремената примена на други лекови за кои е познато дека го продолжуваат QT интервалот, а кои се метаболизираат преку цитохром P450 (CYP) 3A4, како што се цисаприд, астемизол, пимозид, кинидин и еритромицин, е контраиндицирана кај пациенти кои примаат флуконазол.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 7 капсули од 50 mg (1 блистер x 7 капсули).
Кутија со 7 капсули од 100 mg (1 блистер x 7 капсули).
Кутија со 1 капсула од 150 mg (1 блистер x 1 капсула).
Кутија со 7 капсули од 200 mg (1 блистер x 7 капсули).