fbpx

Доксициклин

Doxycycline
Капсули 100 mg
ATC J01A A02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Капсулите треба да се проголтаат со доволна количина на течност, во стоечка или седечка положба, не непосредно пред спиење, за да се намали можноста од езофагеална иритација и улцерација.
Во случај на појава на гастрична иритација, се препорачува Доксициклин капсулите да се земаат со храна или млеко. Испитувањата покажуваат дека истовремената примена на храна или млеко, не влијае особено врз апсорпцијата на доксициклин.

Деца

Не се препорачува примена на доксициклин.

Возрасни

Вообичаена доза на доксициклин за третман на акутни инфекции кај возрасни е 200 mg првиот ден (администрирана како поединечна доза или поделена во две еднакви дози на 12 часа), после што следи доза на одржување од 100 mg дневно.

За третман на потешки инфекции (особено хронични инфекции на уринарниот тракт) може да се дава 200 mg дневно во тек на третманот. Надминување на препорачаната доза може да доведе до зголемување на инциденцата на несаканите дејства. Со третманот треба да се продолжи најмалку 24 до 48 часа по повлекувањето на симптомите и зголемената температура.

Доколку лекот се применува во терапија на стрептококни инфекции, треба да се продолжи со негова примена уште 10 дена за да се спречи развој на ревматска треска или гломерулонефритис.

Специфични инфекции:

Акне вулгарис: 50 mg дневно со храна или течност, во тек на 6-12 месеци.

Сексуално преносливи болести: се препорачува 100 mg два пати дневно во тек на 7 дена, во случај на следните инфекции: некомплицирани гонококни инфекции (со исклучок на аноректални инфекции кај мажи); некомплицирана уретрална, ендоцервикална или ректална инфекција предизвикана од Chlamydia trachomatis; негонококен уретритис предизвикан од Ureaplasma urealyticum. Акутен епидидимо – орхитис предизвикан од Chlamydia trachomatis или Neisseria gonorrhoeae: 100 mg доксициклин два пати дневно во тек на 10 дена. Примарен и секундарен сифилис: 300 mg два пати дневно во поделени дози, во тек на најмалку 10 дена.

Повратна треска предизвикана од каснување од вошки или крлежи: Поединечна доза од 100 или 200 mg во согласност со тежината на болеста.

Маларија фалципарум резистентна на хлорокин: 200 mg дневно во тек на најмалку 7 дена. Поради потенцијален развој на тешка клиничка слика на пациентот заедно со доксицциклин треба да се дава и кинин (брзо дејствувачки шизонтоцид); препорачаната доза на кинин се разликува во различни подрачја.

Тифус предизвикан од бактеријата Orientia tsutsugamushi: 200 mg поединечна доза.

Превенција на патничка дијареа кај возрасни: 200 mg првиот ден од патувањето (применети како поединечна доза или по 100 mg во две дози на 12 часа), проследено со 100 mg дневно за целото време на престој во подрачјето. Податоци за примена на лекот во профилактични цели после 21 ден не се достапни.

Превенција на лептоспироза: 200 mg еднаш неделно за цело време на престој во подрачјето и 200 mg по завршување на патувањето. Податоци за примена на лекот во профилактични цели после 21 ден не се достапни.

Стари Лица

Доксициклин кај старите пациенти може да се пропишува во вообичаена доза без посебни мерки на претпазливост. Во случај на ренално оштетување не е потребно прилагодување на дозата.

Ренално оштетување: Податоците од испитувањата покажале дека примената на доксициклин во вообичаени препорачани дози не доведува до прекумерна акумулација на лекот кај пациенти со ренално оштетување.

Анти-анаболичкото дејство на тетрациклините може да предизвика зголемување на уреата во крвта. Податоците од испитувањата покажуваат дека тоа не се случува при примена на доксициклин кај пациенти со нарушена ренална функција. Хемодијализата не го менува серумскиот полуживот на доксициклин.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 капсула содржи 100 mg доксициклин во облик на доксициклин хиклат.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Доксициклинот се применува во третман на различни инфекции предизвикани од осетливи видови на Грам позитивни и Грам негативни бактерии и некои други микроорганизми.
1) Инфекции на респираторен тракт: Пневмонија и други инфекции на долен респираторен тракт предизвикани од осетливи видови на Streptococcus pneumoniae, Heamophilus influenzae, Klebsiella pneumonia и други микрорганизми.
Пневмонија предизвикана од Mycoplasma pneumonia. Третман нахроничен бронцхитис. Синузитис.
2) Инфекции на уринарниот тракт: Инфекции предизвикани од осетливи видови на Klebsiella species, Enterobacter species, Esherichia coli, Streptococcus faecalis и други микроорганизми.
3) Сексуално преносливи болести: Инфекции предизвикани од Chlamydia trahomatis вклучувајќи некомплицирани уретрални, ендоцервикални и ректални инфекции. Негонококен уретритис предизвикан од Ureaplasma urealyticum. Шанкроид инфекции предизвикани од Calymmatobacterium granulomatis. Доксициклинот е алтернативен лек во третман на гонореа и сифилис.
4) Дерматолошки инфекции: Акне вулгарис кога антибиотската терапија се смета за неопходна.
Доксициклинот припаѓа на тетрациклините и може да биде корисен во третман на инфекции кои се осетливи на други тетрациклини како што се:
1) Офталмолошки инфекции: Како резултат на осетливи видови на гонококи, стафилококи и Heamophilus influenzae. Доксициклинот се применува во терапија на трахом, иако инфективниот агенс не е секогаш елиминиран судејќи по тест на имунофлуоресценција.
2) Инфекции предизвикани со рикеции: Пегава треска (Rickettsia rickettsii), тифусна група, Q треска, ендокардитис предизвикан од Coxiella и трески предизвикани од крлежи.
3) Останати инфекции: Пситакоза, колера, мелиодоза, лептоспироза, други инфекции предизвикани од осетливи видови на Yersinia species, Brucella species, (во комбинација со стрептомицин), Clostridium species, Francisella tularensis и маларија фалципарум резистентна на хлорокин.
4) Доксициклинот се користи во профилакса на следните инфекции: тифус предизвикан од бактеријата Orientia tsutsugamushi, патничка дијареа (предизвикана од ентеротоксинот на Escherichia coli), лептоспироза.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Хиперсензитивност кон доксициклин, тетрациклини или било која состојка на лекот;
Примената на лековите од групата на тетрациклини за време на развојот на забите (бременост, рано детство и детство на возраст до 12 години) може да предизвика перманентна дисколорација на забите (жолто-сиво-кафеави). Ова несакано дејство е почесто при долготрајна примена на лекови, но е забележана и после повторени краткотрајни курсеви. Исто така, забележана е хипоплазија на емајлот. Доксициклинот е контраиндициран кај ова група на пациенти.
Деца под 12 годишна возраст: Примената на доксициклинот е контраиндицирана кај деца помали од 12години. Доксициклинот, како и другите тетрациклини, формира стабилни калциумскикомплекси во центарот на осификација. Намалување на брзината на растот на фибулата езапазено кај предвремено родени деца на кои орално им се давани тетрациклини во доза од25 mg /kg на секои 6 часа. Несаканата реакција е реверзибилна и престанува по престанокна земањето на лекот.
Бременост: Доксициклин е контраиндициран во период на бременост. Се чини дека ризиците поврзани со примената на тетрациклините за време на бременоста, предоминантно се резултат на дејството на лекот врз развојот на забите и скелетот.
Лактација: Тетрациклините се излачуваат во мајчиното млеко, поради што се контраиндицирани во период на лактација.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 100 капсули од 100 mg во пластичен контејнер со индукциско затворање.