fbpx

Калциум карбонат

Calcium carbonate
Таблети 1 g 
ATC  A12AA04
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Таблетите се наменети за перорална примена.

Возрасни, постари лица и деца
Корекција на недостаток на калциум во исхраната и додаток во третманот на остеопороза: 3 таблети дневно, по можност една таблета наутро, една таблета на ручек и една таблета навечер.
Третман на ренална инсуфициенција за врзување на фосфатите во крвта: дозата треба да се прилагоди индивидуално кај секој пациент, во зависност од концентрацијата на фосфати во крвта.

Таблетите треба да се земат непосредно пред оброк, за време на оброк или веднаш по оброк.

Не се препорачува примена на Калциум карбонат таблетите кај деца под 6 годишна возраст.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи калциум карбонат 1000 mg што одговара на 400 mg чист калциум, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Калциум карбонат таблетите се препорачуваат како дополнителен извор на калциум кога нормалните потреби за калциум се зголемени и за корекција на недостаток на калциум во исхраната.
Калциум карбонат таблетите може да се користат во третман на остеопороза како додаток на конкретниот конвенционален третман.
Калциум карбонат таблетите може да се користат и во третман на ренална инсуфициенција за да ги врзат фосфатите во крвта.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Апсолутна контраиндикација: хиперкалцемија пример како резултат на миелом, коскени метастази или други малигни коскени заболувања, саркоидоза; примарен хиперпаратироидизам и предозирање со витамин Д. Тешка ренална инсуфициенција нетретирана со ренална дијализа. Преосетливост кон некоја од помошните состојки на лекот.
Релативна контраиндикација: остеопороза поради пролонгирана имобилизација, ренални калкулуси, тешка хиперкалциурија.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со стаклена тегличка со 50 таблети од 1 g.