fbpx

Карведилол

Carvedilol

Tаблети 6.25 mg

Tаблети 12.5 mg

Tаблети 25 mg     
ATC C07A G02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Перорална употреба.

Есенцијална Хипертензија

Карведилол може да се употребува за третман на хипертензија, сам или во комбинација со други антихипертензиви, особено тиазидни диуретици. Се препорачува дозирање еднаш дневно. Препорачана максимална единечна доза е 25 mg и препорачана максималната дневна доза е 50 mg.

Возрасни: Препорачана почетна доза е 12.5 mg еднаш на ден за првите два дена. Потоа, третманот се продолжува со доза од 25 mg на ден. Доколку е потребно, дозата може понатаму да се зголемува постепено, во интервали од две недели или подолги.

Постари пациенти: Препорачана почетна доза во е 12.5 mg еднаш на ден, која, може да биде доволна и за продолжување на третманот. Меѓутоа, ако терапевтски одговор на оваа доза не е соодветен, дозата може понатаму да се зголемува постепено, во интервали од две недели или подолги.

Хронична Стабилна Ангина Пекторис

Се препорачува дозирање два пати на ден.

Возрасни: Препорачана почетна доза е 12.5 mg два пати на ден за првите два дена. Потоа, третманот се продолжува со доза од 25 mg два пати на ден. Ако е потребно, дозата може понатаму да се зголемува постепено, во интервали од две недели или подолги, до препорачаната максимална доза од 100 mg на ден поделена во две дози (два пати дневно).

Постари пациенти: Препорачана почетна доза е 12.5 mg два пати дневно за првите два дена. Потоа, третманот се продолжува со доза од 25 mg два пати на ден, што е препорачаната максимална дневна доза.

Срцева Инсуфициенција

Карведилол се употребува за третман на умерена до тешка срцева инсуфициенција во комбинација со конвенционалната основна терапија со диуретици, АКЕ инхибитори, дигиталис и / или вазодилататори. Пациентот треба да биде клинички стабилен (да нема промена во NYHA класа, без хоспитализација поради срцева инсуфициенција) и основната терапија мора да се стабилизира најмалку 4 недели пред третманот со карведилол. Покрај тоа, пациентот треба да има намалена лево вентрикуларна ејекциона фракција и срцевата фреквенција треба да биде поголема 50 удари во минута и систолниот крвен притисок поголем од 85 mm Hg.

Почетната доза е 3.125 mg два пати на ден за првите две недели. Ако оваа доза се толерира, дозата може постепено да се зголемува во интервали не помали од две недели до 6.25 mg два пати на ден, а потоа до 12.5 mg два пати на ден и конечно до 25 mg два пати на ден. Дозата треба да се зголеми до највисокото толерантно ниво. Препорачана максимална доза е 25 mg два пати на ден за пациенти со телесна тежина помала од 85 kg и 50 mg два пати на ден за пациенти со телесна тежина над 85 kg, под услов срцевата инсуфициенција да не е тешка. Зголемувањето на дозата на 50 mg два пати на ден треба да се прави внимателно, под строг лекарски надзор на пациентот.

Минливо влошување на симптомите на срцева инсуфициенција може да се јават на почетокот на третманот или како резултат на зголемување на дозата, особено кај пациенти со тешка срцева инсуфициенција и / или кај пациенти на терапија со високи дози на диуретици. Ова обично не бара прекин на терапијата, но дозата не треба да се зголемува. Пациентот треба да биде следен од страна на лекар / кардиолог два часа по започнување на третманот или зголемување на дозата. Пред секое зголемување на дозата, треба да се направат испитување за потенцијалните симптоми на влошување на срцевата инсуфициенција или за симптоми на прекумерна вазодилатација (на пр. ренална функција, телесната тежина, крвен притисок, пулс и ритам). Влошување на срцевата инсуфициенција или задршка на течности, се третира со зголемување на дозата на диуретиците и дозата на карведилол не треба да се зголеми додека пациентот не е стабилизиран. Ако се јави брадикардија или во случај на забавување на AV спроводливост, треба да се следи нивото на дигоксин. Понекогаш, може да биде потребно да се намали дозата на карведилол или привремено прекине лекувањето. Дури и во овие случаи, титрирањето на дозата на карведилол често може да биде успешно продолжено. Бубрежната функција, нивото на тромбоцити и глукоза (во случај на NIDDM и / или IDDM) треба да се следи редовно за време на титрација на дозата. Сепак, по титрација на дозата, фреквенцијата на мониторингот може да се намали. Ако употребата на карведилол се прекинува на повеќе од две недели, терапијата треба повторно да се започне со доза од 3.125 mg два пати на ден и да се зголемува постепено во согласност со горенаведените препораки.

Бубрежна инсуфициенција: Дозата мора да се утврди за секој пациент индивидуално. Според фармакокинетските параметри, не постои доказ дека е потребно прилагодување на дозата на карведилол кај пациенти со бубрежно инсуфициенција.

Умерена хепатална дисфункција: Може да е потребно прилагодување на дозирањето.

Деца и адолесценти (помлади од 18 години): Карведилол не се препорачува за употреба кај деца под 18 годишна возраст поради недостаток на податоци за ефикасноста и безбедноста на лекот.

Постари пациенти: Постарите пациенти можат да бидат повеќе подложни на ефектите на карведилол и треба да се следат повнимателно. Како и со другите бета-блокатори и особено кај пациенти со коронарна болест, прекинот на терапијата со карведилол треба да се направи постепено.

Методи на администрација: Таблетите треба да се земаат со соодветна количина на течност. Препорачливо е пациентите со срцева инсуфициенција да го земаат карведилол со храна за да се овозможи апсорпцијата да биде побавна и да се намали ризикот од појава на ортостатска хипотензија.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 6.25 mg карведилол.
1 таблета содржи 12.5 mg карведилол.
1 таблета содржи 25 mg карведилол.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Есенцијална хипертензија
Хронична стабилна ангина пекторис
Дополнителна терапија на умерена до тешка стабилна хронична срцева инсуфициенција

КОНТРАИНДИКАЦИИ

– Хиперсензитивност на карведилол или на некој од ексципиенсите
– Срцева инсуфициенција која припаѓаат на NYHA класа IV од класификацијата на срцевата инсуфициенција, со изразена задршка на течности или волуменско преоптоварување кое бара интравенска инотропна терапија
– Хронична опструктивна белодробна болеста со бронхијална опструкција
– Клинички значајни хепатална дисфункција
– Бронхијална астма
– AV блок од II или III степен (освен ако е вграде пејсмејкер)
– Тешка брадикардија (<50 удари во минута)
– Sick sinus syndrome – дисфункција на синусниот јазол (вклучително и сино-атријален блок)
– Кардиоген шок
– Тешка хипотензија (систолен крвен притисок под 85 mmHg)
– Ангина Prinzmetal
– Нелекуван феохромоцитом
– Метаболна ацидоза
– Тешки периферни нарушувања на артериска циркулација
– Истовремена интравенска терапија со верапамил или дилтиазем.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети од 6.25 mg (3 блистера со по 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 12.5 mg (3 блистера со по 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 25 mg (3 блистера со по 10 таблети).