fbpx

КЕТОПРОФЕН
КЕТОПРОФЕН ФОРТЕ
КЕТОПРОФЕН РЕТАРД

Ketoprofen
Капсули 50 mg
Филм-обложени таблети 100 mg 
Таблети со продолжено ослободување 150 mg; 200 mg

АТЦ М01А Е03
Се издава на рецепт

Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Несаканите дејства може да се минимизираат со примена на најниската ефективна доза, во најкраток временски период, потребни за контрола на симптомите.
Максималната дневна доза е 200 mg. Пред примена на дози од 200 mg дневно, треба внимателно да се разгледа односот на ризикот и користа од третманот. Повисоки дози не се препорачуваат.
Капсулите и таблетите треба да се земаат со храна или по јадење.

Капсули 50 mg; Филм–обложени таблети 100 mg
Вообичаена доза е 50 mg -100 mg двапати дневно, наутро и навечер, во зависност од телесната тежина на пациентот и од тежината на симптомите.

Таблети со продолжено ослободување 150 mg; 200 mg
Вообичаена доза е 1 таблета со продолжено ослободување еднаш на ден.

Посебни популации

Постари пациенти: Постарите лица имаат зголемен ризик за појава на несакани дејства. Доколку кај овие пациенти, неопходна е примена на НСАИЛ, потребно е да се применува најниската ефективна доза во најкраток временски период. Во тек на третманот, пациентите треба редовно да се мониторираат поради можноста од гастроинтестинално крварење.

Педијатриска популација: Педијатриска доза не е утврдена.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 капсула содржи 50 mg кетопрофен, помошни супстанции.
1 филм-обложена таблета содржи 100 mg кетопрофен, помошни супстанции.
1 таблета со продолжено ослободување содржи 150 mg кетопрофен, помошни супстанции.
1 таблета со продолжено ослободување содржи 200 mg кетопрофен, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Кетопрофен се препорачува во третман на ревматоиден артритис, остеоартритис, анкилозирачки спондилитис, акутни артикуларни и периартикуларни нарушувања (бурзитис, капсулитис, синовитис, тендинитис), цервикален спондилитис, болка во долниот дел на грбот (мускулно истегнување, лумбаго, исхијалгија, фиброзитис), болни мускулноскелетни состојби, акутен напад на гихт, дисменореја и контрола на болка и воспаление после ортопедска операција. Кетопрофен ги намалува болката во зглобовите и воспалението и го олеснува зголемувањето на мобилноста и функционалната независност. Како и другите нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ). Кетопрофен не ја лекува основната болест.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Кетопрофен е контраиндициран кај пациенти кои имаат историја на хиперсензитивни реакции како што се бронхоспазам, астматични напади, ринитис, ангиоедем, уртикарија или друг тип алергиски реакции на кетопрофен, на било која од помошните супстанции на лекот, ацетилсалицилна киселина или на други НСАИЛ. Кај овие пациенти се забележани тешки, ретко фатални, анафилактични реакции. Кетопрофен е контраиндициран кај пациенти со хиперсензитивност на било која од помошните супстанции на лекот. Кетопрофен е контраиндициран во третиот триместар од бременоста. Кетопрофен е контраиндициран во следниве случаи: -Тешка срцева инсуфициенција; -Активен пептички улкус или историја на гастроинтестинално крварење, улцерација или перфорација; -Хеморагична дијатеза; -Тешка хепатална инсуфициенција; -Тешка ренална инсуфициенција.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 капсули од 50 mg (2 блистера x 10 капсули). Кутија со 20 филм-обложени таблети од 100 mg (2 блистера x 10 филм обложени таблети). Кутија со 30 филм-обложени таблети од 100 mg (3 блистера x 10 филм обложени таблети). Кутија со 20 таблети со продолжено ослободување од 150 mg (2 блистера x 10 таблети со продолжено ослободување). Кутија со 30 таблети со продолжено ослободување од 150 mg (3 блистера x 10 таблети со продолжено ослободување). Кутија со 20 таблети со продолжено ослободување од 200 mg (2 блистера x 10 таблети со продолжено ослободување). Кутија со 30 таблети со продолжено ослободување од 200 mg (3 блистера x 10 таблети со продолжено ослободување).