fbpx

Лаксан

bisacodyl

Супозитории 10 mg

ATC A06AB02

Се издава без рецепт

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Констипација, хронична или акутна, кога е потребен стимулативен лек (лаксатив).

Празнење на цревата пред хируршки или радиолошки процедури. Замена на клистер кај сите индикации.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Краткотраен третман на констипација:

Возрасни и деца над 10 години: 1 супозиторија (10 mg) на ден за моментално дејство.
Препорачаната дневна доза не треба да се надмине.

При третман на констипација, кога повторно ќе се воспостави редовно празнење, примената на супозиториите може да се прекине.

Деца на возраст од 10 години или помали, со хронична или упорна констипација, треба да се лекуваат само под надзор на лекар. ЛАКСАН не треба да се употребува кај деца на возраст од 4 години или помали.

За припрема за дијагностички процедури и предоперативно

Кај возрасни и деца над 10 години, за припрема за дијагностички процедури, во пред и постоперативна терапија и во медицински состојби за кои е потребно олеснување на дефекацијата, 1 супозиторија (10 mg) бисакодил се применува под медицински надзор, во комбинација со други орални лаксативи.

Инструкции за употреба

Супозиториите обично почнуваат да делуваат за околу 20 минути (вообичаено од 10 до 30 минути). Ретко, лаксативен ефект е забележан 45 минути по примената.
Супозиториите треба да се одвиткаат и да се инсертираат во ректумот со стеснатиот дел нанапред.

Не се достапни посебни податоци за употреба на овој лек кај постари пациенти. Во клиничките испитувања во кои биле вклучени пациенти над 65 години, не биле забележани несакани дејства специфични за оваа група на пациенти.


КОНТРАИНДИКАЦИИ

Бисакодил е контраиндициран кај пациенти со илеус, интестинална опструкција, акутни абдоминални состојби, вклучително апендицитис, акутна инфламаторна болест на цревата и силна абдоминална болка поврзана со гадење и повраќање, кои може да укажуваат на гореспоменатите сериозни состојби.

Бисакодил, исто така е контраиндициран при тешка дехидратација и кај пациенти со позната преосетливост на бисакодил или на било која помошна супстанција на овој лек.

Бисакодил супозиториите не треба да се применуваат кога се присутни анални фисури или улцеративен проктитис со оштетување на мукозата.


СОСТАВ

1 супозиторија содржи 10 mg бисакодил.


ПАКУВАЊЕ

Кутија со 6 супозитории од 10 mg во лента.