fbpx

Лексан®

Bromazepam

Таблети 1,5 mg
Таблети 3 mg
Таблети 6 mg
ATC N05B A08
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Стандардно дозирање 
Дозирањето е индивидуално и зависи од тежината на симптомите, возраста и состојбата на пациентот.
Кај амбулантното лекување просечната доза изнесува 1,5 mg до 3 mg до три пати дневно.
При потешки случаи, особено кај хоспитализирани пациенти може да се применуваат дози од 6 mg до 12 mg, два до три пати дневно.

Максимална  препорачана доза е 60 mg дневно.
Дозирањето треба да биде индивидуално утврдено за секој пациент. Треба да се почне со пониски дози, постепено зголемувајќи ги до оптималната доза.
Третманот треба да биде што е можно пократок, не подолг од 8-12 недели, вклучувајќи го и времето на постепено намалување на дозата.


Посебни популации
Бромазепам, обично не е индициран кај децата. Сепак, доколу лекарот процени дека е потребно, дозата треба да се приспособи во однос на телесната тежина (околу 0,1-0,3 mg/kg телесна тежина).
Постари лица и пациенти со оштетена хепатална или ренална функција потребно е да добиваат помали дози (до 50%).


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета содржи 1.5 mg бромазепам.
1 таблета содржи 3 mg бромазепам.
1 таблета содржи 6 mg бромазепам.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Анксиозност, напнатост и други соматски или психички тегоби здружени со анксиозен синдром.
Дополнителна употреба за третман на анксиозност или ексцитација здружени со психијатриски заболувања, како болести на расположението или шизофренија.
Бензодиазепините се индицирани само во случај кога заболувањето е сериозно, резултира со онеспособување на лицата или во случај на екстремна жалост/тага.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост кон бромазепам или други бензодиазепини;
Мијастенија гравис;
Глауком на тесен агол;
Тешка респираторна инсуфициенција;
Тешка хепатална и ренална инсуфициенција;
Sleep apnea синдром;
Бременост и доење.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети од 1.5 mg во блистер пакување.
Кутија со 30 таблети од 3 mg во блистер пакување.
Кутија со 30 таблети од 6 mg во блистер пакување.