fbpx

Лизиноприл

Lisinopril

Таблети 5 mg     

Таблети 10 mg                         

Таблети 20 mg   
ATC C09A A03
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Дозирање кај пациенти со хипертензија

Почетната доза на лизиноприл кај пациенти со лесна хипертензија е 10 mg / ден. Дозата се прилагодува индивидуално, во зависност од одговорот на крвниот притисок. Обично, 20-40 mg / ден во една доза се доволни. Дозата може да се зголеми во неделни интервали до 80 mg на ден. Во случај во период од 1-3 месеци да не се постигне задоволителен хипотензивен ефект, се препорачува вклучување на диуретик, антагонист на калциум или бета-блокатор заедно со лизиноприл. Зголемување на дозата на лизиноприл дава поблаги резултати. Најдобро е да се додаде диуретик, хидрохлоротиазид во доза од 12,5 mg еднаш на ден. Кај пациенти со реноваскуларна хипертензија, почетната доза на лизиноприл треба да биде помала бидејќи овие пациенти се многу чувствителни на AКE инхибиција. Првичната доза на лизиноприл треба да биде 5 мг или помалку. Дозата е индивидуална, а вообичаената доза на одржување е 20 мг / на ден еднаш на ден.


Дозирање кај пациенти со конгестивна срцева слабост

Кај пациенти со конгестивна срцева слабост, почетната доза треба да биде пониска и да биде 2,5 мг / на ден еднаш на ден. Дозата постепено се зголемува до дозата за одржување што е најмногу од 5-20 мг / ден. Титрацијата на дозата се постигнува во сите случаи во период од 2-4 недели.


Дозирање кај пациенти со акутен инфаркт на миокардот

Кај хемодинамички стабилни пациенти во првите 24 часа од акутниот инфаркт на миокардот, лизиноприл се администрира според следната шема: Кај пациенти со систолен крвен притисок над 120 mmHg, терапијата започнува во првите 24 часа од почетокот на симптоми со доза од 5mg еднаш на ден во период од 2 дена, а потоа дозата се зголемува на 10 mg еднаш на ден во следните 6 недели. Кај пациенти со низок систолен крвен притисок (100-120 mmHg), првите две дози на лизиноприл треба да бидат 2,5 мг секоја, а следните дози од 5 мг во следните 6 недели. Во случај да се појави хипотензија по администрација на лизиноприл (систолен крвен притисок под 100 mmHg), дневната доза од 5mg се намалува на 2,5 mg. Во случај хипотензијата (систолен крвен притисок под 90 mmHg) да се одржи во период подолг од 1 час, треба да се прекине терапијата со лизиноприл. Кај пациенти со акутен инфаркт на миокардот, лизиноприл се дава во период од 6 недели, , а потоа треба да се направи повторна евалуација на пациентот и терапијата.


Дозирање кај пациенти со дијабетична нефропатија

Кај хипертензивни пациенти со дијабетес мелитус тип 2 и почетна нефропатија, вообичаената доза на лизиноприл изнесува 10 mg еднаш дневно. Дозата може по потреба да се зголеми на 20 mg еднаш дневно, за да се постигнат вредности на дијастолниот крвен притисок во седечка положба под 90 mmHg.


Дозирање кај пациенти со бубрежна инсуфициенција

Кај пациенти со бубрежна инсуфициенција, дозата зависи од клиренсот на креатинин од 10-30 ml / минута е 5 mg на ден, а кај пациенти со клиренс на креатинин под 10 ml / минута е 2,5 mg / ден. Индивидуално се прилагодува дозата на одржување на ефектот.


Лизиноприл таблетите треба да се применуваат орално, во единечна дневна доза. Како и кај другите лекови кои се земаат еднаш на ден, Лизиноприл треба да се зема приближно во исто време секој ден.

Храната нема влијание врз апсорпцијата на лизиноприл.

Дозирањето е индивидуално и треба да се приспособи кон секој пациент поединечно, зависно од вредностите на крвниот притисок.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

Една таблета содржи 5 mg лизиноприл во форма на лизиноприл дихидрат, помошни супстанции.
Една таблета содржи 10 mg лизиноприл во форма на лизиноприл дихидрат, помошни супстанции.
Една таблета содржи 20 mg лизиноприл во форма на лизиноприл дихидрат, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Хипертензија
Третман на хипертензија.
Срцева слабост
Третман на симптоматска срцева слабост.
Акутен инфаркт на миокардот
Краткотраен третман (6 недели) на хемодинамски стабилни пациенти во тек на 24 часа од акутен инфаркт на миокардот.
Ренални компликации на дијабетес мелитус
Третман на ренално заболување кај хипертензивни пациенти со дијабетес мелитус тип 2 и почетна нефропатија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

• Преосетливост кон лизиноприл, кон било која од помошните супстанции на лекот, или кон некој друг лек од групата на АКЕ инхибитори.
• Историја за ангиоедем поврзан со претходна терапија со АКЕ инхибитор.
• Хередитарeн или идиопатски ангиоедем.
• Втор и трет триместар од бременоста.
• Истовремена примена со лекови кои содржат алискирен кај пациенти со дијабетес мелитус (тип I или II) или со умерено до тешко нарушување на реналната функција (ГФР<60 ml/min/1.73 m2).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети од 5 mg (3 блистера x 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 10 mg (3 блистера x 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 20 mg (3 блистера x 10 таблети).