fbpx

Лората

Loratadine

Таблети 10mg
Сируп 5mg/5ml
ATC  R06AX13
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

  • ублажување на симптомите на алергиски ринит (секреција од носот, кивање, чешање, солзење, чешање и црвенило во очите)
  • хронична идиопатска уртикарија

ДОЗИРАЊЕ  

Возрасни и деца над 12 години 1 таблета  х 1 на ден
Деца од 2-12 години телесна тежина >30 kg 1 таблета  х 1 на ден
телесна тежина < 30 kg 5 ml (5 mg) сируп еднаш на ден
  • Лоратадин може да се употребува независно од оброците.
  • Лоратадин спаѓа во групата на антихистаминици од II генерација кои се користат за олеснување на симптомите на алергиски реакции.
  • Кога ќе дојдете во контакт со нешто на што имате алергија (полен, животински влакна, домашна прашина или каснување од инсекти), вашето тело произведува хемикалија наречена хистамин.
  • Обично хистамин е корисна супстанца, но при алергиска реакција предизвикува непријатни симптоми како чешање, солзење, секреција или затнат  нос, кивање и осип на кожата.
  • Лоратадин ги блокира ефектите на хистамин и ги намалува овие симптоми.
  • Терапијата може да трае само кратко време (еден ден или два доколку се работи за убод од инсект)  или подолго (неколку месеци доколку се работи за алергија на полен, во тој случај терапијата се зема за целото време додека поленот е присутен т.е. сезонски).

СОСТАВ       

1 таблета содржи 10 mg лоратадин.

5 ml сируп содржи 5 mg лоратадин.


ПАКУВАЊЕ       

Кутија со 20 таблети од 10 mg во блистер пакување.

Кутија со стаклено шише со сируп од 100 ml.