Лосартан
Losartan
Филм-обложени таблети 50 mg
ATC C09CA01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Начин на употреба: Лосартан филм-обложените таблети треба да се проголтаат со чаша вода.Може да се земаат со или без храна.
Дозирање
Посебни популации
Педијатриска популација
Употреба кај постари лица
Иако треба да се разгледа можноста терапијата да се започне со доза од е 25 mg, обично не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти над 75 годишна возраст.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 50 mg лосартан калиум, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
– Третман на есенцијална хипертензија кај возрасни и деца и адолесценти на возраст од 6-18 години. – Третман на бубрежни заболувања кај возрасни пациенти со хипертензија и дијабетес тип 2 со протеинурија ≥0,5 g/ден, како дел од антихипертензивен третман. – Третман на хронична срцева инсуфициенција кај возрасни пациенти, кога употребата на инхибиторите на ангиотензин конвертирачкиот ензим (АКЕ инхибитори) е несоодветена за натамошно лекување поради неподносливост, особено кашлица, или контраиндикации. Кај пациенти со срцева инсуфициенција стабилизирана со AКE инхибитори, терапијата не треба да се замени со лосартан. Ваквите пациенти треба да имаат лево вентрикуларна ејекциона фракција ≤40% и треба да се клинички стабилни и да се на утврдена терапија за хронична срцева инсуфициенција. – Намалување на ризикот од мозочен удар кај возрасни пациенти со хипертензија и електрокардиографски документирана лево вентрикуларна хипертрофија. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
• Xипeрсeнзитивнoст на лосартан калиум или на нeкoја од помошните супстанции на лекот. • Второ и трето тромесечје од бременоста. • Тешко оштетување на хепаталната функција. • Истовремена употреба на лосартан со лекови кои содржат аликсирен е контраиндицирана кај пациенти со дијабетес или пациенти со нарушена ренална функција (GFR < 60 ml/min/1,73m²). |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 50 mg (3 блистера x 10 таблети). |
Скорешни коментари