Месалазин
Mesalazine
Филм-обложени таблети 250 mg
Филм-обложени таблети 500 mgATC A07E C02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Начин на употреба :Таблетите треба да се земаат наутро, напладне и навечер, 1 час пред оброците. Треба да се проголтаат цели со поголема количина на течност, да не се џвакаат.
Таблетите треба да се земаат правилно и редовно, како за време на акутната воспалителна фаза, така и за време на долготрајната терапија, бидејќи тоа единствениот начин да се постигне посакуваниот терапевтски ефект.
Должината на терапијата ја одредува лекарот.
За одржување на ремисија на улцеративен колитис, дозата вообичаено може да се намали до 1, 5 g месалази на ден (возрасни и адолесценти со тежина над 40 kg) и 0,75 g месалазин на ден (деца и адолесценти).
МЕСАЛАЗИН таблети може да се употребуваат и во терапија на Кронова болест, кога е лоцирана на ниво на колон.
Дозирање
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 250 mg месалазин, помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 500 mg месалазин, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Третман на акутни епизоди и одржување на ремисија на улцеративен колитис. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Месалазин е контраиндициран кај пациенти со: – позната хиперсензитивност на салицилати или на било која составна компонента на лекот, – тешки нарушувања на хепаталната или реналната функција. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 50 филм-обложени таблети од 250 mg (5 блистери со по 10 таблети) (гастрорезистентни таблети со специјално филм обложување, нерастворливо во кисел медиум pH 1,2; пуферски медиум pH 6,0; а растворливо во пуферски медиум pH 7,2). Кутија со 50 филм-обложени таблети од 500 mg (5 блистери со по 10 таблети) (гастрорезистентни таблети со специјално филм обложување, нерастворливо во кисел медиум pH 1,2; пуферски медиум pH 6,0; а растворливо во пуферски медиум pH 7,2). |
Скорешни коментари