fbpx

Монтелукаст

montelukast

таблети за џвакање 4 mg

таблети за џвакање 5 mg

филм-обложени таблети 10 mg
Се издава на рецепт
ATC R03DC03

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Возрасни
Препорачаната доза за возрасни и адолесценти над 15 години е една таблета од  10 mg дневно, која треба да се зема навечер.
Начин на примена: За перорална употреба, може да се зема со или без храна.

Деца
Препорачаната доза за возраст од 6-14 години е една таблета за џвакање од 5 mg дневно, која треба да се зема навечер. Во однос на  храната, монтелукаст треба да се зема 1 час пред или 2 часа по оброк.
Препорачаната доза за возраст од 2-5 години е една таблета за џвакање од  4 mg дневно, која треба да се зема навечер. Во однос на  храната, монтелукаст треба да се зема 1 час пред или 2 часа по оброк


Начин на примена: Таблетите треба да се изџвакаат пред да се голтнат.


Општи препораки

Терапевтскиот ефект на монтелукаст се јавува во тек на првиот ден од терапијата.

Пациентите треба да се советуваат да продолжат да земаат монтелукаст дури и ако нивната астма е под контрола, како и во тек на периодите на влошување на астмата.

Не е потребно прилагодување на дозата кај постари пациенти, кај пациенти со ренална инсуфициенција или кај пациенти со слабо до умерено хепатално оштетување.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 таблета за џвакање содржи 4 mg монтелукаст во форма на монтелукаст натриум.

1 таблета за џвакање содржи 5 mg монтелукаст во форма на монтелукаст натриум.

1 филм-обложена таблета содржи 10 mg монтелукаст во форма на монтелукаст натриум.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Дополнителна терапија на астма, кај пациенти со слаба до умерена перзистентна астма, кај кои не е постигната соодветна контрола со инхалаторни кортикостероиди и β-агонисти со кратко дејство.

Алтернативна терапија наместо ниски дози на инхалаторни кортикостероиди кај пациенти со слаба перзистентна астма кои немаат историја на неодамнешни сериозни напади на астма  кои покажале дека не се способни за употреба на инхалаторни кортикостероиди.

Профилакса на астма, кај пациенти кај кои  доминантна компонента е бронхоконстрикција предизвикана од напор.

Симптоматски третман на сезонски алергиски ринитис кај возрасни.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост на активната супстанција или на било која од помошните супстанции.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети за џвакање од 4 mg во блистер пакување

Кутија со 30 таблети за џвакање од 5 mg во блистер пакување

Кутија со 30 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување