fbpx

Неуро-Вит

thiamine, pyridoxine,cyanocobalamine

Филм-обложени таблети 100 mg+200 mg+0,2 mg

ATC A11DB

Се издава без рецепт

Витамин Б1
Важен за метаболизам на јаглехидрати, обезбедува енергија за нормално функционирање на нервите и спроведување на нервни импулси. Недостаток на Б1 доведува до појава на периферна невропатија, атрофија или мускулна слабост.

Витамин Б6
Го регулира метаболизмот на аминокиселини, липиди, сфинголипиди (основни состојки на миелинската обвивка на нервите) и невротрансмитерите (серотонин, адреналин), со што е одговорен за нормално функционирање на нервниот систем.

Витамин Б12
Учествува во метаболизмот на нуклеински киселини, липиди, сфинголипиди и миелин. Покрај ова го помага и создавањето на хемоглобин.

  • Како и другите витамини, овие витамини се есенцијални супстанции кои организмот не може сам да ги синтетизира.
  • Терапевтскиот внес на витамините Б1, Б6 и Б12 може да го надополни несоодветниот внес на витамини преку храната, а со тоа да ја обезбеди потребната количина на коензими за нормално функционирање на организмот.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Дополнителна терапија при невритис и невралгија (невропатии), како на пример:

ТРИГЕМИНАЛНАТА НЕВРАЛГИЈА
Тригеминалната невралгија се карактеризира со епизоди на интензивна убодна болка во едната половина на лицето, по должина на една од гранките на тригеминалниот нерв.

ИНТЕРКОСТАЛНА НЕВРАЛГИЈА
Интеркостална невралгија е силна болка која се јавува по должина на интеркосталните нерви, најчесто почнува во пределот на грбот и се шири како појас кон предниот ѕид на градниот кош.

ИШИАЛГИЈА
Ишиалгија, болка со различен интензитет, која се јавува по должина на ишијадичниот нерв. Може да се јави само во лумбосакралниот дел на ‘рбетот или да се шири се до стапалото.


ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

  • Препорачана доза е 1 филм-обложена таблета, еднаш на ден. Во поединечни случаи дозата може да се зголеми на 1 филм-обложена таблета, трипати на ден.
  • Времетраењето на терапијта го одредува лекар. После период од 4 недели, лекарот треба да одлучи за големината на дозата или продолжувањето на третманот.
  • НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети треба да се проголтаат цели, без џвакање, со течност, во тек на оброк или после оброк.

Деца и адолесценти
Поради високата содржина на активните супстанции, НЕУРО-ВИТ филм-обложените таблети не се соодветни за примена кај деца под 12 годишна возраст.


СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи:

  • 100 mg тиамин хидрохлорид (Б1)
  • 200 mg пиридоксин хидрохлорид (Б6)
  • 0,2 mg цијанокобаламин (Б12)

ПАКУВАЊЕ       

Кутија со 10 филм-обложени таблети во блистер пакување.