Нитро М Ретард®
Glyceryl trinitrate
Капсули со продолжено ослободување 2.5 mg
ATC C01D A02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Капсулите НИТРО М РЕТАРД® се земаат перорално, наутро и навечер по една до две капсули и тоа со малку течност.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 капсула со продолжено ослободување содржи 2.5 mg глицерил тринитрат, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
– Долготрајна профилакса на напади кај хронична стабилна ангина пекторис; – срцева инсуфициенција која се јавува од различни причини (исхемична болест на срце, хипертензија, валвуларни мани). |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
– Преосетливост кон лекот или други нитрати; – хипотензија и некорегирана хиповолемија – зголемен интракранијален притисок (при трауматска повреда на глава, церебрална хеморагија, тумор на мозок); – аортална стеноза, хипертрофична опструктивна кардиомиопатија; – слаба церебрална циркулација; – констриктивен перикардитис, тампонада на срце; – тешка анемија и глауком со затворен агол. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 капсули со продолжено ослободување од 2.5 mg во блистер пакување. |
Скорешни коментари