fbpx

Нифедипин Ретард

Nifedipine
РЕТАРД, филм-обложени таблети со продолжено ослободување 20 mg
ATC C08C A05
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


За орална употреба.

Нифедипин, филм-обложените таблети со продолжено ослободување треба да се проголтаат цели, со чаша вода, со или без храна.

Не се препорачува истовремена примена со сок од грејпфрут.

Режим на дозирање: Препорачана дневна доза е 20 mg, на секои 12 часа. Дозата може да се зголеми до 40 mg на секои 12 часа, до максималната дневна доза од 80 mg.
При истовремена примена со инхибитори или индуктори на CYP 3A4 потребно е да се прилагоди дозата на нифедипин или во потполност да се исклучи неговата примена.

Времетраење на третманот:Нифедипин, ретард филм-обложените таблети со продолжено ослободување може да се употребуваат долготрајно.

Деца и Адолесценти

Безбедноста и ефикасноста на нифедипин кај деца под 18 години не е утврдена.

Геријатриски Пациенти

Фармакокинетиката на нифедипин кај постари лица е променета, поради тоа потребни се помали дози за одржување на постигнатиот ефект, во однос на помлади лица.

Пациенти со Хепатално Оштетување

Нифедипин примарно се метаболизира преку хапарот и поради тоа пациенти со хепатална дисфункција треба внимателно да се мониторираат, а кај потешките случи неопходна е редукција на дозата на нифедипин.

Пациенти со Ренално Оштетување

Врз основа на фармакокинетските податоци, не е потребно прилагодување на дозата кај пациенти со ренално оштетување.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 РЕТАРД, филм-обложена таблета со продолжено ослободување содржи 20 mg нифедипин

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

За профилакса на хронична стабилна ангина пекторис и третман на хипертензија.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Нифедипин не треба да се употребува кај пациенти со позната преосетливост на нифедипин и други дихидропиридини поради можниот ризик од вкрстена реакција, или на било која друга состојка на лекот.
Нифедипин е контраиндициран пред 20 недела од бременоста и во период на доење.
Нифедипин не смее да се употребува во случај на кардиоген шок, клинички сигнификантна аортна стеноза, нестабилна ангина пекторис, миокарден инфаркт или период од 4 недели после миокарден инфаркт.
Нифедипин не смее да се употребува за третман на акутни ангинозни напади.
Безбедноста за примена на нифедипин кај пациенти со малигна хипертензија не е утврдена.
Нифедипин не се употребува за секундарна превенција на миокарден инфаркт.
Нифедипин не смее да се употребува истовремено со рифампицин, бидејќи поради ензимската ендукција не може да се постигнат ефективни плазма нивоа на нифедипин.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 ретард, филм-обложени таблети со продолжено ослободување од 20 mg; (3 блистери x 10 филм-обложени таблети).