fbpx

Норфлоксацин

Norfloxacin
Филм-обложени таблети 400 mg
ATC J01M A06
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Норфлоксацин треба да се земе со чаша вода, најмалку еден час пред или два часа после јадење или млеко. Во тек на 2 часа по земање на норфлоксацин, не треба да се земаат мултивитамини, препарати кои содржат железо или цинк, антациди кои содржат магнезиум и алуминиум, сукралфат или препарати кои содржат диданозин.

Треба да се испита осетливоста на бактеријата на норфлоксацин (антибиограм). Сепак, со третманот може да се отпочне и пред да се добијат резултатите од антибиограмот.

Дијагноза Дозирање Траење на терапијата
Некомплицирани инфекции на долниот уринарен тракт (на пр. циститис)*  

400 mg двапати дневно

 

3 дена

Инфекции на уринарниот тракт 400 mg двапати дневно 7-10 дена
Хронични рекурентни инфекции на уринарниот тракт** 400 mg двапати дневно До 12 недели

* Клиничките студии кај преку 600 пациенти покажале ефикасност и подносливост на норфлоксацин во тридневното лекување на некомплицирани инфекции на уринарниот тракт.
** Ако се постигне соодветна супресија во тек на првите четири недели од третманот, дозата на норфлоксацин може да се намали на 400 mg дневно.

Пациенти со ренално оштетување
Норфлоксацин е погоден за третман на пациенти со ренално оштетување. Во студиите спроведени кај пациенти со креатинин клиренс помал од 30ml/min/1.73 m², кои немаат потреба од хемодијализа, полуживотот на норфлоксацин во плазмата изнесувал приближно осум часа. Клиничките студии покажале дека нема разлика во просечниот полуживот на норфлоксацин кај пациентите со креатинин клиренс помал од 10ml/min/1.73 m² во споредба со пациентите со креатинин клиренс од 10-30ml/min/1.73 m². Оттука, препорачаната доза за овие пациенти изнесува една таблета од 400 mg еднаш дневно. Со ова дозирање, концентрациите во соодветните ткива или телесни течности ги надминуваат минималните инхибиторни концентрации (МИК-и) за повеќето патогени чувствителни на норфлоксацин.

Примена кај постарите лица
Фармакокинетичките студии покажале дека нема заначајни промени во споредба со помладите пациенти, освен благо продолжување на полуживотот на норфлоксацин. Во отсуство на ренално оштетување, не е неопходно прилагодување на дозирањето. Лимитирани клинички студии покажале дека пациентите добро го поднесуваат норфлоксацин.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 400 mg норфлоксацин, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Норфлоксацин е хинолонски бактерициден антибиотик со широк спектар на дејство, индициран за третман на:
Комплицирани и некомплицирани, акутни и хронични инфекции на горниот и долниот уринарен тракт. Овие инфекции вклучуваат циститис, пиелитис, хроничен простатитис како и уринарни инфекции поврзани со уролошки хируршки операции, невроген мочен меур или нефролитијаза предизвикана од бактерија резистентна на норфлоксацин.
Потребно е да се земат предвид официјалните насоки од локалните власти (на пр. националните препораки) за соодветна употреба на антибиотиците.
Пожелно е да се испита чувствителноста на бактеријата, која ја предизвикала болеста, на лекот (доколу е можно), иако терапијата може да се отпочне и пред да се добијат резултатите.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Преосетливост кон било која од составните компоненти на лекот или хемиски сроден хинолонски антибиотик.
Норфлоксацин е контраиндициран кај деца пред пубертет и кај адолесценти во раст

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од 400 mg во блистер пакување.