fbpx

Оланзапин

Olanzapine
Филм-oбложени таблети 5 mg
Филм-oбложени таблети 10 mg

ATC N05A H03
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Возрасни

Шизофренија: Препорачана почетна доза е 10 mg оланзапин, применета еднаш на ден.

Манични епизоди: Почетната доза е 15 mg како поединечна дневна доза (кога се користи како монотерапија) или 10 mg дневно при комбинирана терапија.

Превенција на повторна појава на биполарно нарушување: Препорачана почетна доза е 10 mg оланзапин, применета еднаш дневно. Доколку пациентот прима оланзапин поради манична епизода, третманот треба да продолжи со истата доза за да се спречи релапс на болеста. Ако сепак се јави нова манична, мешана или депресивна епизода, терапијата со оланзапин треба да продолжи, (дозата да се титрира по потреба), со суплементарна терапија за третман на симптомите на расположението, доколку е клинички индицирано.

При третман на шизофренија, манични епизоди, и превенција на повторна појава на биполарно нарушување, дневната доза може постепено да се прилагодува во зависност од индивидуалниот клинички статус, во дози од 5 до 20 mg на ден. Зголемување на дозата повеќе од препорачаната почетна доза се препорачува само по повторна клиничка проценка на состојбата на пациентот и генерално треба да се изведува во временски интервали не пократки од 24 часа.

Оланзапин може да се зема без оглед на храната, бидејќи исхраната нема никакво влијание врз апсорпцијата на оланзапинот. Дозата треба постепено да се намалува кога пациентот треба да ја прекине терапијата со оланзапин.

Педијатариска Популација

Не се препорачува употреба на оланзапин кај деца и адолесценти под 18 годишна возраст бидејќи нема доволно податоци за неговата безбедност и ефикасност. Повисок степен на зголемување на телесната тежина, алтерации во мастите и пролактинот се забележани во краткотрајни студии на адолесценти отколку во студиите на возрасни пациенти.

Постари Пациенти

Не е неопходно да се започне лечењето со пониски дози (5 mg/ден), но треба да се земе во предвид кај пациенти кои имаат 65 години или постари, доколку клиничката состојба на пациентот тоа го бара.

Пациенти со Ренална и/или Хептална Инсуфициенција

Кај пациенти со оштетена функција на хепар и/или бубрези, треба да се применуваат пониски почетни дози. Во случај на умерена хепатална инсуфициенција (цироза, Child – Pugh класа А или Б), почетната доза треба да биде 5 mg и да се покачува само со голема претпазливост.

Пол

Почетната доза и дозниот режим не треба да се менуваат за пациенти од женски пол во однос на пациентите од машкиот пол.

Пушачи

Почетната доза и дозниот режим не треба да се менуваат за пациенти кои не се пушачи во однос на пушачите. Само доколку постојат повеќе фактори кои можат да го забават метаболизмот (женски пол, постари пациенти, непушачи) треба да се разгледа примена на пониска почетна доза. Дозата, доколку е индицирано, треба да се покачува со голема претпазливост кај овие пациенти.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 5 mg оланзапин, помошни супстанции.
1 филм-обложена таблета содржи 10 mg оланзапин, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Возрасни
Оланзапинот се користи за лекување на шизофренија.
Оланзапин е ефикасен во одржување на клиничкото подобрување кое е добиено при подолготрајна терапија кај пациенти кои покажале одговор кон почетната терапија.
Оланзапин е индициран за третман на умерени до тешки епизоди на манија. Кај пациенти кај кои терапијата со оланзапин имала ефект врз маничните епизоди, оланзапинот е индициран за превенција на повторна појава на биполарното нарушување.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Хиперсензитивност кон активната суптанца на лекот или кон некоја од помошните супстанции.
Пациенти со познат ризик од глауком (затворен-агол).

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 филм-обложени таблети од 5 mg (3 блистери x 10 таблети).
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 10 mg (3 блистери x 10 таблети).