Омепразол
Omeprazole
ATC A02B C01Гастрорезистентни капсули 20 mg
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Возрасни:
За лекување на симптоми на гастроезофагеална рефлуксна болест:
- Препорачаната доза е 20 mg еднаш на ден во тек на 4-8 недели. Терапијата може да се продолжи со 40 mg за дополнителни 8 недели.
- Препорачаната доза на одржување е 10 мг еднаш на ден.
- Ако слузницата не е оштетена, вообичаената доза е 10 мг еднаш на ден.
За лекување на дуоденален улкус:
- Препорачаната доза е 20 mg еднаш на ден во тек на 2 недели, продолжувајќи со истата доза за дополнителни 2 недели доколку има потреба.
- По потреба дозата може да се зголеми на 40 mg еднаш на ден во тек на 4 недели.
За лекување на улкус во желудникот:
- Препорачаната доза е 20 mg еднаш на ден во тек на 4 недели, продолжувајќи со истата доза за дополнителни 4 недели доколку има потреба.
- Дозата може да се зголеми на 40 mg еднаш на ден во тек на 8 недели.
Превенција на дуоденални и желудечни улкуси:
- Препорачаната доза е 10 mg или 20 mg еднаш на ден. Дозата може да се зголеми до 40 mg еднаш на ден.
За лекување на дуоденални и желудечни улкуси предизвикани од НСАИЛ:
- Препорачаната доза е 20 mg еднаш на ден за 4-8 недели.
Превенција на дуоденални и желудечни улкуси при терапија со НСАИЛ:
- Препорачаната доза е 20 мг еднаш на ден.
Третман и профилакса на инфекција со Helicobacter pylori:
- Препорачаната доза е 20 mg два пати на ден во текот на една недела.
Третман на Золингер-Елисон-ов синдром:
- Препорачаната доза е 60 мг на ден.
Употреба кај деца и адолесценти
Лекување на симптоми на гастроезофагеална рефлуксна болест:
- Деца над 1 година и со телесна тежина над 10 кг може да земат Омепразол. Дозата за деца се базира на тежината на детето и лекарот ќе одлучи точна доза.
Лекување и профилакса на инфекција со Helicobacter pylori:
- Деца на возраст над 4 години може да земаат Омепразол. Дозата за деца се базира на тежината на детето и лекарот ќе одлучи точна доза.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
Секоја гастро-резистентна капсула содржи 20 мг омепразол, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Омепразол спаѓа во група на лекови наречени „инхибитори на протонска пумпа“. Го намалува лачењето на киселина во желудникот и е индицирано за третман на:
Кај возрасни:
Кај деца: Деца над 1 година и 10 кг
Кај деца, симптомите може да вклучуваат и регургитација, повраќање и слабо зголемување на телесната тежина. Деца над 4 години и адолесценти • ГИТ инфекции со ‘Helicobacter |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
ОМЕПРАЗОЛ е контраиндициран кај пациенти алергични на омепразол или на која било друга состојка во лекот, пациенти алергични на инхибитори на протонска пумпа (на пр. пантопразол, лансопразол, рабепразол, есомепразол) и пациенти кои земаат лек кој содржи нелфинавир (се користи за ХИВ инфекција). |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со пластичен сад со 15 гастро-резистентни капсули од 20 мг. |
Скорешни коментари