Парафен
Ibuprofen, paracetamol
Филм-обложени таблети 200 mg+500 mg
ATC M01A E51
Се издава без рецепт
Тројно дејство
- Аналгетско (ја намалува болката)
- Антипиретско (ја намалува покачената телесна температура)
- Антиинфламаторно (го намалува воспалението)
Болката е непријатно чувство кое се јавува при повреда или ошетување на ткивата. Таа е всушност предупредувачки знак дека нешто се случува во организмот, т.е. аларм дека треба нешто да превземеме или прекинеме.
Според потеклото болката може да биде:
- Соматска т.е. површинска болка која потекнува од кожата или од поткожните ткива (мускули, зглобови)
- Висцерална т.е. болка која потекнува од внатрешните органи или ткива
- Рефлектирачка болка т.е. болка која се рефлектира на друго место, а не онаму каде што е оштетувањето (пример за ваков тип е болка во рамото или раката која се јавува при срцев инфаркт
Третман на болка
Според должината на траењето болката може да биде:
- акутна (краткотрајна)
- хронична (долготрајна)
Според видот на болката, може да биде:
- Ноцицептивна – предизвикана од стимул на сензорните нервните клетки (ноцицептори) најчесто при: притисок, механичка повреда, температура или хемикалија која го оштетува ткивото. Доколку е површинска обично е силна, остра и локализирана, но доколку е висцерална (т.е. болка од внатрешните органи или ткива) најчесто е дифузна, тешко се локализира, во вид на грчеви, пулсирачка или континуирана, остра или тапа во зависност од причината и органот. Оваа болка може да биде пропратена со нагон на гадење или повраќање. Чест пример за ваква болка е менструалната болка.
- Невропатска – предизвикана од воспаление или оштетување на нервите. Најчесто се чувствува во вид на печење, пецкање, трнење, бодеж.
- Психогена болка или психосоматска, обично е поврзана со долготраен стрес или други ментални, емоционални фактори.
Во зависност од должината на трањето на болката треба да се одреди и третманот, бидејки лековите кои се користат за треман на болка, обично се штетни за некој друг орган, па секогаш треба да направиме евалуација на тоа што добиваме, а што може да се јави како последица.
Обично послабите аналгетици се побезбедни, додека појаките се поефикасни, но тие пак можат да предизвикаат болки и оштетување на други органи (желудникот, црниот дроб) или да предизвикаат несакани компликации кај оние со срцеви заболувања.
Затоа секогаш треба да се одбере најбезбедниот, а сепак ефикасен аналгетик.
Парафен е комбинација на двете најбезбедни аналгетски компоненти, во ниски дози, со што се постигнува најдобра безбедност и ефикасност за третман на најчестите болки
Парафен: супериорен при сите типови на болки
Парафен: предности во споредба со другите аналгетици:
- Брзо и долготрајно дејство
- Ослободува од болката за помалку од половина час дејството трае до 9 часа
- Безбеден за желудникот
- Безбеден за лица со кардиоваскуларни заболувања
- Едноставен за употреба и дозирање: 1-2 пати на ден
- Максимална дневна доза 2 таблети х 3 пати дневно
- Потврдена ефикасност во клинички студии
- Тројно дејство
- Аналгетско (ја намалува болката)
- Антипиретско (ја намалува покачената телесна температура)
- Антиинфламаторно (го намалува воспалението)
Супериорен при различни типови на болка
Скорешни коментари