Пароксетин
Paroxetine
Филм-обложени таблети 20 mg
Филм-обложени таблети 30 mg
ATC N06A B05
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Се препорачува употреба на пароксетин еднаш на ден, наутро со оброк.
Таблетите треба да се проголтаат цели, без џвакање.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 20 mg пароксетин (во форма на пароксетин хидрохлорид хемидат), помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 30 mg пароксетин (во форма на пароксетин хидрохлорид хемидат), помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Пароксетин се употребува за лекување на: – тешки депресивни епизоди, – опсесивно-компулзивно нарушување, – панично нарушување со или без агорафобија, – социјално анксиозно нарушување/социјалнa фобиja, – генерализирано анксиозно нарушување, – посттрауматско стресно нарушување. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
Позната преосетливост кон пароксетин или кон некои од помошните состојки на лекот. Пароксетин е контраиндициран во комбинација со инхибиторите на моноаминооксидазата (MAO инхибитори). Во исклучителни случаи, линезолид (антибиотик кој е реверзибилен неселективен МАО инхибитор) може да се даде во комбинација со пароксетин, но со внимателно следење на симптомите на серотонински синдром и следење на крвниот притисок. Терапија со пароксетин може да започне: – 2 недели по прекин на терапијата со иреверзибилни МАО инхибитори или – најмалку 24 часа по прекин на терапијата со реверзибилни МАО инхибитори (на пр. моклобемид, линезолид, метилтиониоум хлорид-метиленско сино). Треба да помине најмалку 1 недела помеѓу прекинот на терапијата со пароксетин и почетокот на терапијата со било кој МАО инхибитор. Пароксетин не смее да се употребува во комбинација со тиоридазин бидејќи, како и сите други лекови кои го инхибираат хепаталниот ензим CYP450 2D6, пароксетин може да го зголеми нивото на тиоридазин во плазмата. Поединечната употреба на тиоридазин може да го продолжи QТ интервалот со придружна појава на сериозни вентрикуларни аритмии како што е torsades de pointes и на ненадејна смрт. Пароксетин не смее да се употребува истовремено со пимозид |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 20 mg (3 блистера со по 10 таблети). Кутија со 30 филм-обложени таблети од 30 mg (3 блистера со по 10 таблети). |
Скорешни коментари