fbpx

Пентоксифилин

Pentoxifylline
Ретард, филм-обложени таблети со продолжено ослободување 400 mg
ATC C04A D03
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Препорачана почетна доза е една таблета (400 mg) три пати на ден. Кај некои пациенти, може да биде доволна примена на две таблети дневно, особено како терапија на одржување.

Таблетите треба да се земаат во тек на оброк или веднаш после оброк, и да се проголтаат цели со доволна количина на вода.

Постари пациенти: Не е потребно прилагодување на дозата.

Деца: Пентоксифилин не е наменет за употреба кај деца.

Посебни случаи: Кај пациенти со оштетување на реналната функција (креатинин клиренс под 30 ml/min) во зависност од индивидуалната толеранција, може да биде потребно намалување на дозата за приближно 30% до 50%.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 ретард, филм-обложена таблета со продолжено ослободување содржи 400 mg пентоксифилин, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Пентоксифилин е индициран за третман на периферна васкуларна болест, вклучувајќи интермитентна клаудикација и болка при мирување.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Пентоксифилин е контраиндициран во случаи на позната преосетливост на пентоксифилин, други лекови од групата на метилксантини или кон некоја од помошните супстанции на лекот.
Исто така, пентоксифилин е контраиндициран кај пациенти со церебрална хеморагија, екстензивна ретинална хеморагија, акутен миокарден инфаркт и тешки срцеви аритмии.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 ретард, филм-обложени таблети од 400 mg во блистер пакување.