fbpx

ПИРАЦЕТАМ

piracetam
Раствор за инјектирање 200 mg/ml

ATC N06BX03

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

За симптоматска терапија на интелектуални нарушувања и нарушувања на меморијата, препорачана дневна доза е 2.4-4.8 g/ден, поделена во 2-3 дози.

За третман на кортикална миоклонија, терапијата започнува со доза од 7.2 g/ден, на секои 3-4 дена дозата се зголемува за 4.8 g/ден, поделена во две или три дози, се додека не достигне максимална доза од 24 g/ден. Во тек на третманот потребно е да остане истото дозирање на останатите антимиоклонични лекови. Врз основа на добиениот клинички ефект, доколку е возможно, треба да се намали дозата на другите антимиоклонични лекови.

После започнувањето, третманот со пирацетам треба да продолжи до тогаш додека трае почетната церебрална патологија. Кај пациентите со акутна епизода, болеста со тек на време може спонтано да се повлече, поради тоа, на секои 6 месеци треба да се направи обид да се намали дозата или да се прекине медикаментозната терапија. Ова треба да биде направено со намалување на дозата на пирацетам од 1.2 g на секои два дена (на секои три или четири дена во случај на LanceAdams  синдром, за избегнување на ненадeјна појава на епилептични напади или повторување на нападите поврзано со прекин на терапијата).

Посебна група на пациенти

Постари пациенти

Кај постари пациенти со нарушена ренална функција се препорачува прилагодување на дозата (види “Пациенти со нарушена ренална функција”). За време на долготрајна терапија, неопходно е редовно контролирање на клиренсот на креатинин, со цел прилагодување на дозата доколку е неопходно.

Пациенти со нарушена ренална функција 

Пирацетам речиси потполно се елиминира преку бубрезите. Потребна е претпазливост при третман на пациенти со ренална инсуфициенција, кај кои треба да се контролира функцијата на бубрезите.

Полуживотот на елиминација се зголемува во директна зависност од намалувањето на функцијата на бубрезите и клиренсот на креатинин. Ова, исто така, се однесува и на постари пациенти кај кои екскрецијата на креатининот зависи од возраста.

Интервалот помеѓу дозите треба да се прилагоди во зависност од реналната функција. Дозата треба да се прилагоди соодветно на следната табела.

За користење на оваа табела неопходно е да се пресмета клиренсот на креатинин (CLCR) на пациентот во ml/min. CLCR (ml/min) може да се пресмета од вредноста на серумскиот креатинин (mg/dl) по формулата:

[140- возраст (год) х тежина (kg)]

CLCR = ———————————————————————    (х 0,85 за жени)

72 х серумски креатинин (mg/dl)

 

 

Група

 

Клиренс на креатинин (ml/min)

 

Дозирање и честота

Нормална ренална функција >80 Вообичаена доза, поделена на 2-4 дози

 

 

 

Блага ренална инсуфициенција 50-79 2/3 од вообичаената доза

поделена во 2 до 3 дози

Умерена ренална инсуфициенција 30-49 1/3 од вообичаената доза

поделена во 2 дози

Сериозна ренална инсуфициенција <30 1/6 од вообичаената доза

во една доза

Терминална ренална инсуфициенција Контраиндицирано

 

Дозирање кај пациенти со нарушена хепатална функција

Кај пациенти со нарушена хепатална функција не е потребно прилагодување на дозата. Кај пациенти кои имаат нарушена ренална и хепатална функција, дозирањето е согласно со шемата погоре (Видете „ Дозирање кај пациенти со нарушена ренална функција “).

Начин на употреба

Формите за инјектирање се употребуваат кога не постои можност за перорална употреба. Дозирањето е исто со препорачаната дневна доза при перорална примена на пирацетам.

Растворот за инјектирање се применува интравенски во тек на неколку минути.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 ml раствор за инјектирање содржи 200 mg пирацетам.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Симптоматска терапија на интелектуални нарушувања и нарушувања на меморијата, при отсуство на утврдена дијагноза на деменција.

Терапија на кортикална миоклонија (како монотерапија и дел од комбинирана терапија).

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Хиперсензитивност на пирацетам, деривати на пиролидон или на некоја од помошните супстанции.

Пирацетам е контраиндициран кај пациенти со церебрална хеморагија и пациенти со терминална ренална инсуфициенција, како и кај пациенти со Хантингтонова хореа.

ПАКУВАЊЕ

Раствор за инјектирање за интравенска и интрамускулна примена 200 mg/ml; 5 ml во ампула.

Кутија со 10 стаклени ампули од 5 ml.