fbpx

Ранитидин

Ранитидин

Ranitidine

ATC A02B A02
Филм-обложени таблети 20×150 mg 
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА

Возрасни (вклучувајќи и постари пациенти) / Адолесценти (12 год. и постари)

Вообичаена доза е 150 mg два пати дневно, администрирана наутро и навечер.

Дуоденален улкус, гастричен улкус: Стандарден режим на дозирање е 150 mg два пати дневно или 300 mg навечер. Не е неопходно дозата да се прилагодува во однос на оброците. Во повеќето случаи на дуоденален улкус, бениген гастричен улкус и постоперативен улкус, излекување се јавува во период од 4 недели. Кај оние пациенти кај кои не настапува целосно излекување по иницијалниот третман, излекување обично настапува после дополнителни 4 недели на третман.

Улкуси како резултат на терапија со НСАИЛ или поврзани со континуирана терапија со НСАИЛ: Може да биде потребен третман од 8 недели. Превенција на дуоденален улкус поврзан со НСАИЛ: 150 mg два пати дневно може да се дава заедно со НСАИЛ терапија.

Кај дуоденален улкус, администрирање на ранитидин 300 mg двапати дневно во тек на 4 недели, резултира со повисока стапка на излекување одошто администрирање на ранитидин 150 mg два пати дневно или 300 mg навечер во тек на 4 недели. Зголемената доза не е поврзана со зголемена инциденца на несакани дејства.

Дуоденален улкус поврзан со Helicobacter pylori инфекција: За дуоденален улкус поврзан со Helicobacter pylori инфекција, ранитидин 300 mg пред спиење или 150 mg два пати дневно, може да се даде заедно со амоксицилин 750 mg три пати дневно и метронидазол 500 mg три пати на ден, во тек на две недели. Терапијата со ранитидин треба да продолжи уште две недели по завршување на антибиотската терапија. Овој дозен режим значително ја намалува фрекфенцијата на рекурентен дуоденален улкус. Терапија на одржување со намалена доза од 150 mg ранитидин пред спиење, се препорачува за пациенти кои одговориле на краткотрајна терапија, особено кај пациенти со историја на рекурентен улкус.

Гастро-езофагеален рефлукс: Симптоматски третман на гастро-езофагеален рефлукс. Кај пациенти со гастро-езофагеален рефлукс, се препорачува доза од 150 mg ранитидин двапати дневно во тек на 2 недели и може да се повтори кај пациенти кај кои иницијалниот симптоматски одговор е несоодветен.

Езофагеална рефлукс: За третман на езофагеален рефлукс, се препорачува 150 mg ранитидин два пати дневно или 300 mg ранитидин навечер, во времетраење од 8 недели или ако е потребно и до 12 недели. Кај пациенти со умерен до тежок езофагитис, дозата на ранитидин може да се зголеми до 150 mg 4 пати на ден за период од 12 недели. Зголемената доза не е поврзана со зголемена инциденца на несакани ефекти.

Излекуван езофагитис: За долготраен третман, препорачана доза за возрасни е 150 mg два пати дневно. Долготраен третман не е индициран во лекување на пациентите со неизлекуван езофагитис со или без Barrett епител.

Zollinger-Ellison-ов синдром: Почетна доза за Zollinger-Ellison-ов синдром е 150 mg три пати на ден, а ако е потребно, дозата може да се зголеми. Дози до 6 g на ден добро се поднесуваат.

Хронична епизодна диспепсија: Стандарден режим на дозирање кај пациенти со хронична епизодна диспепсија е 150 mg два пати на ден, во тек на 6 недели. Треба да се испита секој што не реагира на овој третман или кај кои состојбата се повторува набргу потоа.

Профилакса на хеморагија од стрес улцерација кај сериозно болни пациенти или профилакса на рекурентна хеморагија кај пациенти со крварење од пептички улкус: 150 mg два пати дневно, откако ќе започне орален внес на храна.

Профилакса на аспирација на киселина (Менделсон-ов синдром): 150 mg ранитидин може да се даде 2 часа пред анестезија, а најдобро е, исто така, да се даде 150 mg ранитидин претходната вечер. При породување, се дава 150 mg ранитидин на секои 6 часа, но ако е потребна општа анестезија, се препорачува заедно да се даде антацид (на пример, натриум цитрат). Исто така, треба да се превземат вообичаените мерки на претпазливост за да се избегне аспирација на киселина.

Деца од 3 до 11 години и над 30 кг Телесна Тежина

Ограничените фармакокинетски податоци покажуваат дека нема значајни разлики во полуживотот на елиминација (опсег кај деца од 3 години и постари: 1.7-2.2 h) и плазматскиот клиренс (опсег кај деца од 3 години и постари: 9-22 ml/min/kg) помеѓу децата и здрави возрасни лица кои примаат ранитидин орално, кога дозата е прилагодена во однос на телесната тежина.

Пациенти над 50 Годишна Возраст

Кај пациентите над 50 годишна возраст, полуживотот на елиминација е продолжен (3-4 h) и клиренсот е намален, во согласност со намалената ренална функција поврзана со возраста. Сепак, системската изложеност и акумулација се 50% повисоки. Оваа разлика го надминува ефектот на намалената ренална функција, и покажува зголемена биорасположивост кај постарите пациенти.

Акутен Третман на Пептирчен Улкус

Препорачаната орална доза за третман на пептичен улкус кај деца е 4 mg/kg/ден до 8 mg/kg/ден, администрирана во две поделени дози, до максимум од 300 mg ранитидин на ден, во траење од 4 недели. За оние пациенти со комплетно излекување, индицирана е терапија уште 4 недели, бидејќи излекувањето обично настапува по осум недели од третманот

Гастро-езофагеален Рефлукс

Препорачаната орална доза за третман на гастро-езофагеален рефлукс кај деца е 5 mg/kg/ден до 10 mg/kg/ден, администрирана во две поделени дози, до максимум од 600 mg ранитидин (максималната доза веројатно треба да се примени кај деца со поголема телесна тежина или адолесценти со тешки симптоми). Безбедноста и ефикасноста за употреба на ранитидин кај новороденчиња, не е утврдена

Ренално Оштетување

Кај пациенти со ренално оштетување (креатинин клиренс помал од 50 ml/мин), се јавува акумулација на ранитидин со покачени плазма концентрации. Соодветно на тоа, се препорачува дневната доза на ранитидин кај таквите пациенти да биде 150 mg навечер, во тек на 4-8 недели. Ако е потребно, истата доза треба да се применува и како доза на одржување. Ако после третманот не настане заздравување на улкусот, се препорачува 150 mg ранитидин двапати дневно, доколку е потребно, терапија на одржување од 150 mg навечер.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

Description

СОСТАВ

1 филм-обложена таблета содржи 150 mg ранитидин (во форма на ранитидин хидрохлорид), помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

Возрасни
Дуоденален улкус и бениген гастричен улкус, вклучувајќи ги и тие поврзани со нестероидни анти-инфламаторни лекови.
Превенција на дуоденален улкус поврзан со нестероидни анти-инфламаторни лекови.
Третман на дуоденален улкус поврзан со Helicobacter pylori инфекција.
Пост-оперативен улкус.
Езофагеален рефлукс, вклучувајќи долготраен третман на излекуван езофагитис.
Симптоматски третман на гастро-езофагеален рефлукс.
Zollinger-Ellison-ов синдром.
Хронична епизодна диспепсија, карактеризирана со болка (епигастрична или ретростернална), која е поврзана со оброци или која го нарушува сонот, но не е поврзана со горенаведените состојби.
Профилакса на гастроинтестинална хеморагија од стрес улцерација кај сериозно болни пациенти.
Профилакса на рекурентна хеморагија кај пациенти со крварење од пептички улкуси.
Пред општа анестезија кај пациенти со ризик од аспирација на киселина (Менделсон-ов синдром), особено кај бремени жени за време на породувањето.
Деца (3-18 години)
Краткотраен третман на пептичен улкус.
Третман на гастро-езофагеален рефлукс, вклучувајќи рефлуксен езофагитис и симптоматски третман на гастро-езофагеален рефлукс.

КОНТРАИНДИКАЦИИ

Ранитидин е контраиндициран кај пациенти со позната преосетливост кон било која составна компонента на лекот.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 20 филм-обложени таблети од 150 mg (2 блистера x 10 филм-обложени таблети).