Ревастат®
Simvastatin
Филм-обложени таблети 10 mg
Филм-обложени таблети 20 mg
Филм-обложени таблети 40 mg
ATC C10A A01
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО
ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА
Препорачаните дози се од 5 до 80 mg/ден, дадени како еднократна доза навечер. Прилагодувањето на дозата треба да се направи во интервали не помали од 4 недели, до максимална доза од 80 mg на ден, дадена како еднократна доза навечер.
Дозата од 80 mg им се препорачува само на пациенти со тешка хиперхолестеролемија и висок ризик за настанување на кардиоваскуларни компликации, кај кои што тераписката цел не се постигнала со пониски дози, и каде што се очекува користа да биде поголема од потенцијалните ризици.
Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување.
Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.
СОСТАВ
1 филм-обложена таблета содржи 10 mg симвастатин, помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 20 mg симвастатин, помошни супстанции. 1 филм-обложена таблета содржи 40 mg симвастатин, помошни супстанции. |
ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ
Хиперхолестеролемија Лекување на примарна хиперхолестеролемија или мешана дислипидемија, како додаток на диетата, кога само со диета и други нефармаколошки методи (на пример вежбање, намалување на телесната тежина) не се постигнува задоволувачки ефект. Лекување на хомозиготна фамилијарна хиперхолестеролемија, како додаток на диетата и на другите постапки за намалување на липидите (на пример LDL афереза) или такви постапки не се применети. Кардиоваскуларна превенција Намалување на кардиоваскуларниот морталитет и морбидитет кај пациенти со клинички изразена кардиоваскуларна атеросклероза или дијабетес мелитус, со нормално или зголемено ниво на холестерол, како додаток на постапките за корекција на останатите ризик фактори и другите облици на кардиопротективна терапија. |
КОНТРАИНДИКАЦИИ
- Преосетливост на симвастатин или на било која од помошните супстанции. - Активно заболување на хепарот или необјаснето перзистентно покачување на серумските трансаминази. - Бременост и доење. - Истовремена терапија со силни CYP3A4 инхибитори (лекови кои го зголемуваат AUC 5 пати или повеќе) (на пример итраконазол, кетоконазол, посаконазол, вориконазол, инхибитори на ХИВ протеазата (на пример нелфинавир), боцепревир, телапревир, еритромицин, кларитромицин, телитромицин и нефазодон). - Истовремена терапија со гемфиброзил, циклоспорин или даназол. |
ПАКУВАЊЕ
Кутија со 30 филм-обложени таблети од 10 mg во блистер пакување. Кутија со 30 филм-обложени таблети од 20 mg во блистер пакување. Кутија со 30 филм-обложени таблети од 40 mg во блистер пакување. |
Скорешни коментари