fbpx

Реконазол® Крем

Ketoconazole

Крем  2%

ATC  D01AC08

Се издава без рецепт

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ     

Локален третман на кандидијази (вулвитис, питриасис  версиколор, себороичен дерматитис предизвикан од Malassezia), како и дерматофитни инфекции на кожата како што се тинеа корпорис, тинеа крурис, тинеа манус и тинеа педис инфекции, предизвикани од Trichophyton spp, Microsporon spp и Epidermophyton spp.


ДОЗИРАЊЕ

Тинеа педис:

Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место два пати дневно. Вообичаеното времетраење на третманот кај благи инфекции е 1 недела. Кај потешки или екстензивни инфекции, третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми, за да се спречи повторувањето на болеста.

За други инфекции:

Реконазол® кремот се нанесува на заболеното место еднаш или два пати дневно, зависно од тежината на инфекцијата.

Третманот треба да продолжи уште неколку дена по исчезнувањето на сите знаци и симптоми.


Вообичаеното времетраење на третманот е:

– тинеа версиколор: 2-3 недели,

– тинеа корпорис: 3-4 недели.

Доколоку после 4 недели третман не се добие клиничко подобрување, дијагнозата треба да се преиспита. Потребно е да се спроведуваат основните хигиенски мерки за да се спречи појавата на инфекции или реинфекции.

Себороичниот дерматитис е хронична инфекција со чести релапси.


СОСТАВ              

1g крем содржи 20 mg кетоконазол.


ПАКУВАЊЕ       

Кутија со крем (2 %) во туба од 30 g.