fbpx

Ренаприл®

Enalapril

Таблети 5 mg  

Таблети 10 mg

Таблети 20 mg 
ATC C09A A02
Се издава на рецепт
Се наоѓа на позитивна листа на лекови на ФЗО

ДОЗИРАЊЕ И НАЧИН НА УПОТРЕБА


Ренаприл се администрира пред, за време или после оброкот. Дневната доза е 10-40 mg, индивидуално прилагодена, се администрира еднаш или двапати на ден.

Пациентите со нарушена бубрежна функција или конгестивна срцева слабост треба да земат пониска почетна доза на Ренаприл.


Дозирање кај пациенти со есенцијална хипертензија

Почетна доза е 10-20 мг / ден, еднаш на ден. Дозата за одржување е обично 20 мг / ден, еднаш на ден. Дневната доза може да се зголеми до 40 mg на ден.


Дозирање кај пациенти со ренална хипертензија

Почетна доза е пониска и е 5 мг / ден, еднаш на ден. Дозата треба да се прилагоди индивидуално.


Дозирање кај пациенти со нарушена бубрежна функција

Кај овие пациенти дневната доза треба да биде помала, а интервалите помеѓу поединечните дози треба да бидат подолги. Кај пациенти со клиренс на креатинин од 30-80 ml / мин, почетната доза треба да биде 5-10 mg / ден. Кај пациенти со клиренс на креатинин од 10-30 ml / min, почетната доза треба да биде 2,5-5 mg / ден. Кај пациенти со клиренс на креатинин под 10 ml / мин, почетната доза треба да биде 2,5 мг / ден.


Дозирање кај пациенти со конгестивна срцева слабост

Почетната доза е 2,5-5 mg / ден, еднаш на ден или во одделни дози. Дозата за одржување е 10-20 mg / ден, еднаш на ден или во посебни дози. Индивидуално прилагодување на дозата треба да се направи во период од 2-4 недели.


Дозирање кај пациенти со асимптоматска дисфункција на левата комора

Почетната доза е 2,5-5 mg / ден, поделена во две единечни дози. Дневната доза може да се зголеми до 20 mg, поделена во две единечни дози.


Храната нема влијание врз апсорпцијата на Ренаприл®.

Дозата треба индивидуално да се прилагоди, во зависност од вредностите на крвниот притисок.


Информациите за лекот дадени на web страната се само краток опис за особините на лекот. Не ги прифаќајте како конкретни препораки за Ваше самолекување. 

Терапијата и употребата на лекот секогаш мора да биде во согласност со препораките од Вашиот лекар, и Вашиот фармацевт. Секогаш внимателно читајте го внатрешното упатство.

СОСТАВ

1 таблета содржи 5 mg еналаприл малеат, помошни супстанции.
1 таблета содржи 10 mg еналаприл малеат, помошни супстанции, боја железо оксид Е 172.
1 таблета содржи 20 mg еналаприл малеат, помошни супстанции.

ТЕРАПЕВТСКИ ИНДИКАЦИИ

• Третман на хипертензија.
• Третман на симптоматска срцева слабост.
• Превенција на симптоматска срцева слабост кај пациенти со асимптоматска дисфункција на левата комора (ејекциона фракција ≤ 35%).

КОНТРАИНДИКАЦИИ

• Преостеливост на еналаприл, на некоја од помошните супстанции или било кој друг АКЕ инхибитор.
• Анамнестички податок за појава на ангионеуротски едем при примена на инхибитори на АКЕ.
• Хередитарен или идиопатски ангиоедем.
• Втор и трет триместар од бременост.

ПАКУВАЊЕ

Кутија со 30 таблети од 5 mg (3 блистера x 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 10 mg (3 блистера x 10 таблети).
Кутија со 30 таблети од 20 mg (3 блистера x 10 таблети).