fbpx

Ресепт гел

Моќен антисептик со брз и сигурен ефект

За дезинфекција на раце

УНИШТУВА 99,9 % ОД БАКТЕРИИТЕ

СОСТАВ

Гелот содржи Ethanol 587.8 g/l (70% v/v) (IUPAC, ISO).

Останати состојки: вода, D-пантенол; карбомер 140, глицерол, ментол, триетаноламин и FD&C Green No.3.

ШТО ПРЕТСТАВУВА РЕСЕПТ гел И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

РЕСЕПТ гел за раце е биоцид класа РТ1, се употребува како антисептик за раце. РЕСЕПТ гел за раце содржи и D-пантенол и глицерол кои имаат навлажнувачки ефект со што го спречуваат сушењето на кожата и ја штитат и негуваат кожата на рацете.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

За раце (со втривање): По нанесување на 2 до 3 ml  РЕСЕПТ гел на рацете, гелот се втрива околу 60 секунди на рацете (дланки, наддланки, прсти, зглобови) додека не се исушат. Не се промива.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА.

Не смее да се нанесува на телесните празнини, на слузокожата и на очите, како и на оштетена кожа (или кожа со ранички од различен вид). При контакт со очите, внимателно да се испира со ладна вода.

УСЛОВИ НА ЧУВАЊЕ: Да се чува на места недостапни за деца!

Да се чува во добро затворена амбалажа, на суво и проветрено место, на температура од +5C до +25C, одвоено од храна и пијалаци. Препаратот не го складирајте во близина на топлина, искри и во близина на отворен оган.

Да се употреби пред крајот на: рокот е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

Пластично шише со 80 ml гел.

Пластично шише со 500 ml гел.

Пластично шише со пумпа за притискање, со 500 ml гел.

ПОДАТОЦИ ЗА ОПАСНОСТ:

H225, H319,

 

P102, P210, P233, P305+P351+P338

Опасност
H225:
Лесно запалива течност и пареа
Внимание
Н319:
Иритација на очи