fbpx

РЕСЕПТ раствор, спреј

Моќен антисептик со брз и сигурен ефект

За дезинфекција на раце

УНИШТУВА 99,9 % ОД БАКТЕРИИТЕ

СОСТАВ

Растворот содржи Ethanol 670 g/l (80% v/v) (IUPAC,ISO)

Останати состојки*: глицерол и вода.

ШТО ПРЕТСТАВУВА РЕСЕПТ раствор И ЗА ШТО СЕ УПОТРЕБУВА

РЕСЕПТ растворот е биоцид класа РТ1/РТ2, се употребува како антисептик, за дезинфекција на раце. Употребен како дезинфициенс ги уништува најчестите микроорганизми на различни површини, на предмети во домаќинствата, јавни и индустриски објекти, вклучително и во болници.

ПОДАТОЦИ ЗА ПРАВИЛНА УПОТРЕБА

За дезинфекција на раце (со втривање): По испрскување на 2 до 3 ml  РЕСЕПТ раствор, спреј на рацете, течноста се втрива околу 60 секунди на рацете (дланки, наддланки, прсти, зглобови) додека не се исушат. Не се промива.

За дезинфекција на различни површини:  Се испрскува во тенок слој РЕСЕПТ раствор, спреј на површините и растворот се остава да делува 60 секунди.

ПОДАТОЦИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЗНААТ ПРЕД УПОТРЕБА

САМО ЗА НАДВОРЕШНА УПОТРЕБА.

Не смее да се употребува за промивање на телесните празнини, на слузокожата и на очите, како и на оштетена кожа (или кожа со ранички од различен вид). При контакт со очите, внимателно да се испира со ладна вода.

УСЛОВИ НА ЧУВАЊЕ: Да се чува на места недостапни за деца!

Да се чува во добро затворена амабалажа, на суво и проветрено место, на температура од +5C do +25C, одвоено од храна и пијалаци. Препаратот не го складирајте во близина на топлина, искри и во близина на отворен оган.

Да се употреби пред крајот на: рокот е втиснат на амбалажата.

ПАКУВАЊЕ

Пластично шише со 80 ml раствор со прскалка.

Пластично шише со 500 ml раствор со прскалка.

ПОДАТОЦИ ЗА ОПАСНОСТ:

H225, H319,

 

P102, P210, P233, P305+P351+P338

Опасност
H225:
Лесно запалива течност и пареа
Внимание
Н319:
Иритација на очи

* Расторот содржи  ниска содржина на водороден пероксид, наменета за елиминација на евентуално присутните контаминирачки спори во растворот и реципиентот и не е активна супстанција